Изгори 2020

По промовирањето на кандидатите и правците на кампањата, јасно е дека изборите се дизајнираната точка на пресврт и дека секој гласач решен да гласа – има одлучено за кого.

Кампањата ќе влијае само на прашањето дали опозицијата или власта ќе успее кон себе да привлече некого од значајниот број кои сѐ уште не се решени дали ќе излезат на гласање или не.

За да изберат дали до следните избори сакаат влада на „опозицијата, опонентите или опортунистите“, како што амбасадорот Зеколи во интервју минатата недела точно ги дефинираше трите тековни политички категории кои децениски доминираат во домашната нарација и пракса. Притоа јасно е,

Клучни точки се темите и ликовите

Наспроти проекцијата на СДСМ клучна тема на изборите да биде Преспанскиот договор, ВМРО-ДПМНЕ правилно процени дека темата пред сѐ е корупцијата, а потоа и како се дојде до договорот, односно со какви се притисоци, уцени, закани... се постигна двотретинското мнозинство кое не само што го промени Уставот и државното име, туку со ратификацијата на Договорот внесе нови обврски за Македонија дома и во односите кон странство. А за возврат практично (сѐ уште) немаме (скоро) ништо.

Имено, доколку од НАТО не дели само шпанската парламентарна процедура, од напредокот кон ЕУ не дели поголема дистанца. Новата методологија навистина личи многу поатрактивна за побрзо да се дојде до средства за структурни реформи, но реално и до нив тешко ќе се дојде согласно потребните процедури на самата методологија. Прашањето пред јавноста затоа е дали не е платена преголема цена за нешто што е далеку од опипливо во потребната динамика? И на него ниту Заев, ниту Димитров ниту Шеќеринска немаат потврден одговор на кој може да засноваат позитивна кампања. Напротив.

А ова само поинтензивно го отвора горливото прашање на домашната пракса на системски поддржана корупција преку партиите и институциите што ги управуваат нивните кадри. Во спрега со провладините невладини организации и ним блиските медиуми, за кои промената на власта предизвикува поголема паника и од ковид-19.

Ако за Заев промената на името беше само влез во напредокот кон НАТО и ЕУ, веќе на пар месеци пред кампањата се расчистија многу дилеми: за почеток, дека членството во интеграциите ја менува Македонија од внатре повеќе одошто е подготвена власта.

И дека „странците“ од Западот немаат намера да го жртвуваат угледот што и онака им го начна самиот Заев вовлекувајќи ги во референдумот 2018, што погрешно им го претстави како „завршена работа“. Односно, дека тие немаат обврска „да го остават да владее само затоа што промени име“.

Мицкоски правилно ја превенираше нарацијата на Заев кога му ги пресретна блефовите на раководството на СДСМ за тоа дека „ќе губат малку, ама странците ќе ја завршат работата“. Првата директна порака до Заев дека не треба да смета на таква непримерна поддршка од „надвор“ дојде од (Извештајот за Македонија на) Стејт департментот кој констатира ограничена независност на судството и висока корупција.

Уште повеќе, Мицкоски не влезе во стапицата и одби во оваа игра да ги вовлече партиите на Албанците, потврдувајќи дека не ги смета за сопствена или странска „маша“, туку ги признава за рамноправни политички фактори со кои, врз основа на принципи, е подготвен да гради функционална и репрезентативна извршна власт. И на тој начин елегантно го соочи СДСМ со непријатниот избор:

Заев или СДСМ, „хонорарни Албанци“ преку Беса или изворна етничка претставеност

Така ја превенираше проектираната игранка од 2016 „Заев за пред Албанците, СДСМ за пред Македонците“. Едноставно, суштинската мултиетничност значи Албанците да гласаат за Александар во Зајас, а Македонците за Арбен во Виница. Вака, коалицијата Заев-Касами остана само здружување на две партии по етнички клуч.

И конкретно, Мицкоски елегантно спречува СДСМ и Беса да бидат партиски лимити за мултиетничноста на општеството или да бидат инструменти за нејзино партиско злоупотребување преку хонорарна претставеност на Македонците и Албанците по клуч, нешто како „грацијата“ Фетаи во жабарникот на Јанева и СЈО.

Истовремено, поставувајќи се како „шпиц“ кандидат за премиер, Мицкоски влезе на „омилениот полит-покерашки“ терен на Заев и се постави all in, покажувајќи дека доколку изгуби, ги носи консеквенците, но не се крие зад пратенички мандат, ниту за истражни, ниту за политички потреби. И ја разголи неподготвеноста на Заев за еден ваков чист и транспарентен пристап, укажувајќи на неговите калкулации по изборите.

Со тоа постигна уште еден ефект: го соочи СДСМ со ултимативниот избор – Заев или партијата. Партиските опинионисти, аналитичари, медиуми... знаат дека во тек се прераспоредувањата за 13 април, оти не успеаја двата приоритети на „Бихаќка“ во изминатиот период: Мицкоски да се цементира како „продолжена рака на Груевски“ и особено бидејќи на сите им е јасно дека и покрај сите произведени деривати,

Третата опција е во петти план

Жалам што Шарената мимикрија во 2016 ја превенираше последната шанса на деценијата партискиот систем да ја надмине бипартиската и бинационалната поделба инсталирана во 2002. Веројатно и поради рутината на „странците“ дека за големи решенија се потребни „робусни“ мнозинства и проекцијата референдумот да се провлече на „мускули“, за што проценија дека не беа потребни „неталентирани“, односно неконтролирани и професионални политичари. За сега да ги бараат.

Затоа сега сите набрзина склепани неизворни концепти, партии и ликови кои се сликаа по приемите на амбасадите или работеа во нивните сјо-проектни единици, како и проектираните медиа-форсирани ликови кои „по список“ се менуваа неделно од еден на друг ТВ екран, ќе треба да бидат оставени да ја имаат само улогата што однапред си ја наметнаа – да се обидат маргинално статистички да влијаат по Д’онт врз извесната предност на опозицијата, односно коалицијата на Мицкоски.

Тој хендикепот на „наследената коалициска структура“ засега вешто го санира со релативно свежа пратеничка листа на кандидати, за кои, со мали исклучоци, тешко може да се најде сомневање за криминал и корупција.

А токму криминалот и корупцијата – очигледно е темата на изборите 2020. За некого избори, за некого изгори.

Ивон Величковски, иницијатор на Движењето за Нова Република

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе