Иднината на Македонија ќе се одлучува на референдум

Референдумот за влез во ЕЕО, ќе биде референдум за одлучување и одлуката од него е задолжителна.

 

Арсовски, Пандов, Никовски, Богојески, Трајковски, Муслиу, Костов, Иванов, Рамадани... нека ме извинат тие што не ги спомнав, секој ден се на некоја телевизија. Разговараат за што треба и за што не треба. Претставени како аналитичари, експерти, политички дејци. Ниту еден од нив, во ниту една прилика, нема кажано ниту збор за најважното прашање за иднината на Македонија, ќе влегуваме или не во Европската Економска Област (European economic area).

Заев, Мицковски, Ахмети, Апасиев, Села  и сите други шефови на партии во истиот мод: ЕЕО - забранета тема.  Апсолутниот молк на оваа тема го спроведуваат и сите медиуми, без исклучок. 

Сето оваа води само кон еден заклучок, на економско-политичката елита која владее со Македонија не ѝ одговара влез во ЕЕО.

Оваа елита досега има направено неколку  историски гревови кои трагично и драматично се одразија врз судбината и животот на граѓаните на Македонија. Почнувајки со срамната и дилетантска постапка за прием во ОН, трансформацијата на општествениот капитал, етничката војна во 2001 година, охридскиот договор, новата територијална поделба, вулгарната антиквизација, преспанскиот договор, тиранската платформа, договорот со Бугарија. Сите тие гревови се правеа со единствена цел, етаблирање на неокомунистичките тајкуни како феуди на Македонија, врз грбот и  животот на македонските граѓани. Крајниот резултат на тоа е: уништена економија, образование, здравство, култура, неправда, стотици илјадници иселени граѓани,  сиромаштија, бесперспективност, тотално уништени цивилизациски вредности, систем налик на јужноамериканските картелски држави.

Во ваква ситуација и малите деца веќе не веруваат за приказните за почеток на преговорите се ЕУ, кога Бугарија со помош на неколку европски држави највулгарно го стопира почетокот на преговорите и кога европски дипломати јавно ни кажуваат дека нема почеток на преговорите. Економско-политичка елита исклучиво заради свои материјални интереси, ја турка Македонија во провалија.

Но, малтретирањето и замајувањето на народот со ефтини кловновски точки и други циркуски вештини повеќе не поминува кај граѓаните.

Излез од овој  феудо-државен систем  и квази држава, е единствено со почнување постапка за влез во ЕЕО. Влезот во ЕЕО ни го нуди Европа. Влезот во ЕЕО не може да го блокира Бугарија со неколкуте нејзини наредбодавачи. За  влезот во ЕЕО не постои механизмот на вето. Влезот во ЕЕО е со прифаќање и спроведување на целокупната европска регулатива во однос на правата на граѓаните, економската регулатива и слободниот пазар, правниот систем.

 Тоа се прашања од кои всушност се плаши македонската економско-политичка елита. Се плаши бидејќи тоа ќе претставува растурање на системот на феудалното раководење со државата од нивна страна. Оваа елита е спремна да направи сѐ, тоа да го спречи. Не бираат ниту средства, ниту методи.

Затоа македонските граѓани треба сами да ја завршат работата. Ако сакаме да си ја спасиме државата мораме да се обединеме и преку референдумот, како единствената демократска  алатка, да им наложиме на политичарите да поднесат барање за почнување на постапка за потпишување на договор за приклучување на Македонија кон ЕЕО.

Референдумот за влез во ЕЕО, ќе биде референдум за одлучување и одлуката од него е задолжителна. Тој треба да се одржи заедно со локалните избори и за негово одржување е потребно собирање на  150.000 потписи.

Граѓаните на Македонија ја имаат должноста, прв пат во својата историја, сами да одлучуваат за својата иднина и да ја спасат Македонија.

ПС: Што треба да направи секој граѓанин оваа да се случи. Верувале или не, треба да потроши

       само еден час од својот живот: 30 минути за да се потпише за одржување на

       референдумот и да потроши уште 30 минути  да излезе и да гласа на референдумот.

Ако Вашиот животен век е најмалку 700.000  часа, издвојте еден час, со кој одлучувате за сопствената  и иднината на Вашата фамилија. Тоа секако можеме и мораме да го направиме.

Ангел Наков

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе