Што може БРИКС?

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

Во 2020 година, организацијата БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина, Јужна Африка) влезе во втората деценија од постоењето, со што ја докажи својата одржливост и актуелност. Историјата на групата почна на 16 јуни 2009 година, кога на иницијатива на Русија членките за првпат се состанале како целина во Екатеринбург.

БРИКС е меѓудржавното здружение, каде соработката се одвива во три клучни области: политика и безбедност, економија и финансии, културни и хуманитарни контакти. Односите во БРИКС се развиваат врз основа на принципите на отвореност и консензус, немаат блоковски карактер и не се насочени против никого. Учесниците ги споделуваат истите или слични ставови околу главните глобални и регионални проблеми. Посветени се на градење меѓудржавна комуникација врз принципите на Повелбата на ООН, вредностите на еднаквост, взаемно почитување и водење сметка за меѓусебните интереси. Се спротивставуваат на ревидирање на резултатите од Втората светска војна. И во оваа смисла, БРИКС солидарно претставува светоглед на мнозинството претставници во меѓународната заедница.

За да се разбере големината на БРИКС, доволно е да се погледне на неколку бројки: БРИКС е 42% (3 милијарди луѓе) од светското население; 30% од вкупната светска површина; 25% (21 трилиони долари) од светскиот БДП; 33,4% (47,5 трилиони долари) од светскиот БДП по паритет на куповната моќ во 2019 година, што ги надминува истите показатели на Г7 (29,7% - 42,4 трилиони долари); како и 22% (6,7 трилиони долари) во меѓународната трговска размена.

Во 2020 година Русија по трет пат го презема претседавањето со БРИКС под мотото „Партнерство во БРИКС заради глобалната стабилност, заедничката безбедност и иновативниот раст“. Во своето обраќање на самитот во Бразилија, на 14 ноември 2019 година, претседателот на Русија, Владимир Путин, ја постави главната задача на работата на организацијата во 2020, тоа е подигнувањето на стандардите и квалитетот на животот на народите од петте земји.

И покрај фактот дека пандемијата на коронавирусот и соодветните ограничувања оставија свој белег врз работата на организацијата, БРИКС успеа да реализира повеќе планирани активности. За време на руското претседавање се одржаа вкупно 137 седници и состаноци. На 17 ноември, се одржа 12-от самит БРИКС, на кој лидерите на „петорката“ ги усогласија своите мислења за клучните прашања од регионалната и глобална агенда и го резимираа руското претседавање. Како резултат на самитот беа потпишани 3 стратешки документи: Антитерористичката стратегија, Стратегијата за економско партнерство до 2025 година и Московската декларација, кои ги одразуваат консолидираните ставови на државите на БРИКС во однос на натамошниот развој на организацијата.

Така, најважната област на работата во политичката сфера претставува помошта преку БРИКС за формирање на подемократски светски поредок во согласност со општопризнатите принципи и норми на меѓународното право, вклучително и одредбите од Повелбата на ООН. Особено внимание се посветува на градењето заеднички напори со цел да им се одговори на предизвиците и заканите како тероризам, перење на нелегално стекнати приходи, трговија со дрога, корупција.

Во рамките на Антитерористичката стратегија, земјите се согласија да продолжат со конструктивниот дијалог за градење потенцијал за органи за прогон, за борбата против феноменот на странски терористички милитанти и користење на Интернет за терористички цели.

Меѓу економските приоритети се проширувањето на трговските и економски врски меѓу земјите од БРИКС и соработката во финансискиот сектор, зголемувањето на потенцијалот на Новата банка за развој. Економската стратегија исто така има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

Земјите од БРИКС не ja оставија настрана пандемијата на коронавирусот и нејзините последици. БРИКС беше меѓу првите што одговори на нејзиното избувнување во февруари: навремено беа разработени кредитни линии за да се покријат трошоците за борбата против вирусот во петте земји, беа активирани контакти помеѓу ресорите за здравство и други министерства. Покрај тоа, уште во 2015 година, во рамките на организацијата, почна соработка во областа на борбата против заразни болести, што ѝ овозможи на групата БРИКС да стане еден од пионерите во изработка на мерки за спречување на ваквите епидемии и надминување на нивните последици. Соработката за развој и употреба на вакцини исто така игра клучна улога. Како што нагласи претседателот на Русија Путин, Рускиот фонд за директни инвестиции склучи договори со индиски и бразилски партнери за спроведување на клинички испитувања на вакцината „Спутник V“, а со фармацевтски компании во Кина и Индија потпишани се договори за отворањето на центрите за производството на вакцината во овие земји.

Така, БРИКС е организација за соработка во повеќе области, која им овозможува на своите членки да координираат ставови во однос на многу прашања од светската политика и глобалното економско и политичко управување, да презентираат слични позиции и агенди во мултилатерални институции и форуми и да ја унапредуваат мултилатералната и билатералната меѓусебна соработка.

Денес БРИКС го симболизира формирањето на фер и полицентричен светски поредок. Стратешките партнерства како БРИКС, каде што преовладува духот на отвореност, солидарност, еднаквост, меѓусебно разбирање и инклузивност, треба да ја одредуваат современата светска политика. Токму ваква платформа е потребна за обединувањето на напорите за да им се одговори на бројните глобални предизвици и закани, за да се гради стабилна и предвидлива иднина – за добробит и во интерес на сите жители на нашата заедничка планета.

Екатерина Акопјан, 

аташе за медиумите Амбасада на Руската Федерација Скопје

 

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе