ГС на ОН гласаше против Трамп, може да гласа и за уставното име на Македонија

Добро е што Македонија гласаше против Трамп. Тие 128 држави можат да изгласаат и продоложување на нашето членство во ООН под уставното име Република Македонија.

Се покажува дека од правна гледна точка признавањето држави има исклучиво политичка димензија и дека секој, од кои било причини, може да признае или да не признае некоја држава. И тоа е суверено право на секоја земја. 
Од друга страна, суверено е правото на САД да го признаат Ерусалим за главен град на Израел. Суверено право на Србија е да го повлече признавањето на Република Македонија. Па така, суверено право на Македонија е и: 
1. Да не преговара за своето суверено право со друга држава, која ја обвинува на политичка основа, односно да отфрли дека постои спор за едно суверено право или неотуѓиво право како што е името;
2. Да побара продолжување на членството во ООН под Република Македонија (во Генерално собрание на ОН), користејќи го своето суверено право и суверените права на другите држави (како и нивната политичка волја).
Случајот со Ерусалим покажа дека, и покрај ветото и блокадата на САД во Совет за безбедност на ОН, прашањето стигна во Генерално собрание на ОН и се донесе резолуција против САД, со која ОН не го признаваaт Ерусалим за главен град на Израел! 
Ако секоја држава може, како на пример Србија, да ја промени својата одлука за признавањето, така со добра волја (и добро подготвена резолуција во ОН) државите во Генерално собрание на ОН, независно од ставот на која било голема сила (па и САД), можат да ја признаат Македонија во ООН како Република Македонија.
Да се потсетиме: органот што донесе одлука за референцата БЈРМ беше Генерално собрание на ОН (а не Советот за безбедност на ОН, кој само даде предлог до Генерално собрание на ОН). ГС на ОН имаше овластување предлогот од Советот за безбедност на ОН да го одбие или да го преформулира и да ѝ даде на Македонија членство под уставното име. Но, бидејќи никој од Македонија не сакаше во 1993 година да даде приговор или мислење, речиси без дискусија и автоматски ГС на ОН ја прифати во целина формулацијата на СБ на ОН.
Тој што ја дал деноминацијата (референцата) БЈРМ, а тоа е Генерално собрание на ОН, тој може и да ја промени одлуката и да продолжи членството на Македонија во ОН како Република Македонија.
Инаку, добро е што Македонија гласаше против Трамп, бидејќи тие 128 држави можат да изгласаат и продоложување на нашето членсто во ООН под уставното име Република Македонија.
Проблемот со воспоставување на името во ООН некој т.н. експерти мислат дека ќе биде блокиран во Совет за безбедност и дека САД (наводно) ќе направат ВЕТО и нема да помине во Генералното собрание на ОН таму да се изгласа во наша корист (ова на пример го вели Ристо Никовски).
Случајот со Ерусалим покажа, дека и покрај ветото на САД во Советот за безбедност, прашањето за Ерусалим се најде на гласање во Генералното собрание на ОН. Совет за безбедност не може да „блокира” гласање во Генералното собрание на ОН.
Значи, помина преку Советот за Безбедност и стана предмет на гласање во Генералното собрание на ОН. Ако таму со просто мнозинство се изгласа продолжување на членството на нашата земја како Република Македонија, проблемот со името е решен.
Игор Јанев 
(Реакција на изјавата на српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ дека неговата држава има проблем со употребата на терминот Република Македонија)
 

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Црпнатиот Принц од Муртино и библиската земја.

повеќе

Денес спортот и спортистите се дел од политиката и служат како средство за препукување меѓу политичарите.

повеќе

Националното достоинство и идентитет не се статични „од Бога дадени" категории, туку динамични категории кои зависат од нашите постапки и акции.

повеќе