четврток, 28 март 2024

Градоначалникот Димитриевски беше повикан на информативен разговор, потврдија од СВР Куманово

Објавено на

часот

Сподели

„Денеска во просториите на СВР Куманово, по насоки на јавен обвинител Куманово на информативен разговор беше повикан градоначалникот на Општина Куманово, а во врска со добиена анонимна пријава во која се наведува дека од страна на Секторот за финансии при Општина Куманово на вработените во Секторот за инспекција, незаконски им бил исплатен додаток на плата од 30 проценти и тоа на кандидати за инспектори кои не се стекнале со лиценца инспектор, а со тоа е оштетен буџетот на Општина Куманово. Потенцираме дека за сите наводи постои документација која на барање од СВР Куманово е доставена од страна на Одделението за човечки ресурси од Општина Куманово“, соопштија од СВР Куманово.

Од Секторот за внатрешни работи Куманово велат дека постапуваат согласно своите законски правила и прописи, без оглед на тоа за која институција и да станува збор.

За случајот денеска информираше самиот градоначалник Димитриевски кој нагласи дека во пресрет на изборите ова е монтиран случај само за да се дефокусираат граѓаните од реалните проблеми, особено од корупцијата, за која како што вели, ја призна и самата власт.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ