Гордиев јазол

Можеби, откако на членовите на тајфата ќе им бидат изречени соодветни казни, би требало да се пристапи кон нивна рехабилитација.

Го живееме преодот на премин од диктатура кон демократија. Но,колку чесниот македонски граѓанин остана ист по десет години минати во психолошко заложништво? Од една страна-горд што не им потклекна на неправдите, но од друга ранет во душата поради континуираниот терор врз неговиот здрав разум. Како и да е, моралните вредности на истиот тој граѓанин не пропишуваат реваншизам, ниту желба за освета, но пропишуваат едно: враќање и владеење на правдата!

Гордиевиот јазол од криминал и расипништво на фамилијата и нејзините пиони е толку заплеткан што ќе треба подолг период да се расплетка и да се официјализираат сите мафијашки дејства на една банда која буквално царуваше една деценија на ова мало парче Балкан и успеа финансиски да го руинира до степен на задолжување на идни, трети поколенија.

Што прават денес членовите на таа банда? Моралниот човек би заклучил дека се каат за грешките. Но, воопшто не е така, бидејќи каењето е одлика на земјаните, а таа гарнитура или е симната од друга планета или си живее во свој, замислен свет-нешто налик на романтичарите. Завиткани во свој оклоп, како желки во своите куќички, тие суштества немаат допирна точка со сегашноста, со времето во кое живеат. Едноставно - изгубени и просторно и временски, лежат во свои замислени облаци.

Дали е можна нивна социјализација? Можеби, откако ќе им бидат изречени соодветните казни, би требало да се пристапи кон нивна рехабилитација со цел да се направи обид истите да влезат во групата на луѓе со сите духовни човечки карактеристики. Ова, секако би бил, за нив несвојствен, но за човештвото хуман потег како би им се помогнало да продалжат со нормален живот, без „лепак“ на прстите, без среброљубиви апетити и без желба за сопствени империи. Со еден збор - да се интегрираат во демократското живеење.

За да се постигне сето ова, би требало етапно да се применат разни социолошко-психолошки третмани, се разбира. Дотогаш, мафијашката фамилија ќе продолжи да осцилира околу сопствената замислена оска и да го контаминира просторот околу себе со психо-супстанци. Но,тие осцилации не траат долго. Истите водат кон неминовна депресија. Токму затоа, за доброто на тајфата и за доброто на оваа земја, час поскоро би требало да се одмота Гордиевиот јазол.

Перса Угриноска-Наумоска, Јегуновце

.,

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Во Мексико, Индија и Турција, жените завршуваат трипати повеќе обврски поврзани со грижа од мажите.

повеќе

Сега свесно или несвесно се оди во друг правец, сведувајќи ја  партијата  на ниво на  дебатен клуб.

повеќе

Најчести места каде што може да се препознае (и шири) говорот на омраза на интернет се всушност онлајн медиумите кои дозволуваат простор за коментирање.

повеќе