Гoрчливиот лек за Македонија

За да имаме правна држава најпрво треба да имаме држава. Ние имаме држава но, нашата држава веќе подолго време се соочува со исклучително голема, реална опасност.

Затоа, ако сакаме да ја спасиме Македонија како држава, ако сакаме нашата држава да остане цела, ако сакаме нашата држава да оди напред, тогаш, сите разочарани и налутени добронамерници треба да сфатат, или барем нека се обидат да сфатат, дека, помеѓу другото, Собранието, Владата и премиерот мораат да прифатат, направат и склучат и некои болни, непосакувани или изнудени компромиси, договори и решенија со кои и тие не се среќни.

Цената која Македонија ја плаќа за продолжување на патот кон Европската Унија и НАТО, навистина е непријатна, висока и болна. Но, НАТО и ЕУ се лек за нашата тешко болна држава. А лекот... Лекот понекогаш знае да биде горчлив и скап. Ужасно горчлив и скап. И не само тоа. Секој лек истовремено претставува и отров. Едно лечи, на друго му штети. Ако се напиете таблета против главоболка, главоболката најверојатно ќе ви помине, но таблетата сигурно нема да биде пријатна за вашиот стомак. Особено ако е празен. Сепак, проблемот кој таблетата може да го предизвика кај вашиот желудник е занемарлив во споредба со позитивните дејства кои лекот ги има врз вашата глава. Да биде злото поголемо, понекогаш е неопходно да се примаат по неколку лекови одеднаш.

Исто е со секој друг лек, терапија или хируршки зафат. Особено, ако со нив се лечи или санира некоја тешка болест, повреда или рана. И на мене, докторот мораше да ми отстрани третина од белиот дроб, но барем останав жив и релативно здрав. Понатаму, неспорно е дека хемотерапијата и зрачењето се штетни за болните од рак но сепак луѓето ги прифаќаат како лек бидејки доброто од нив е далеку помало од злото кое истовремено го прават.

Почитувани сограѓани, обични и убави луѓе, загрижени интелектуалци, фејсбукџии, твитерџии, аналитичари и експерти. Добронамерници, злонамерници, определени и неутралци. Секако дека е во ред да мудрувате, да се жалите и да критикувате. Но, за миг замислете дека сте на местото на премиерот и понудете алтернатива. Понудете било каква друга алтернатива која ќе нѐ мрдне од место, напред кон Европската Унија и НАТО. Притоа, никако не заборавајте дека стоењето во место е исто што и одење назад. Бидејки, додека ние шлајфуваме во место другите околу нас полека се движат напред. Дотогаш, запомнете, лекот е горчлив, непријатен и скап но верувајте, на крајот, сепак се исплаќа неговата цена. Државата сѐ уште ќе биде болна, но жива и цела, и лека полека, постепено, со текот на времето, ќе заздрави и ќе си ги залечи сите свои болести, повреди и рани.

Нам ни останува да ги проголтаме горчливите таблети, со надеж и верба дека доброто од нив е далеку поголемо од злото кое истовремено го прават.

Да живее здрава, модерна и европска Македонија!

Стојанче Ангелов

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе

Охрид, најголемиот и најпосетен туристички центар во Македонија, балканскиот Ерусалим и европскиот бисер, се менува со брзина на светлината.

повеќе