За бугарските негирања на македонскиот идентитет

Германија побара проштевање, Софија не!

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

Во овој контекст воопшто не треба се наседнува на провокациите што доаѓаат од Бугарија, туку треба да се афирмира она на што кажува Улф Брунбауер, познатиот историчар и важен проучувач на настаните од овој регион, од Универзитетот во Регенсбург, Германија. Тој ги следи настаните од надвор, и тоа го објаснува вака:

„Ова не е најдобриот начин да се дружите: да му кажете на вашиот претпоставен пријател дека она во што тој или таа верува, е ѓубре. Вистинските пријателства значат прифаќање на различни мислења, а исто така и добрососедските односи меѓу земјите зависат од прифаќањето на разликата. Ако Бугарите сакаат да бидат добри пријатели со Македонците, зошто не се започне со признавање и дискутирање на воените злосторства извршени од бугарските окупаторски сили на македонска територија за време на Втората светска војна? Ова, всушност, е многу поважно прашање од тоа дали некој во 19. век се нарекувал Бугарин или Македонец. Јасно е дека бугарските барања главно ја таргетираат домашната публика, тие треба да им покажат на Бугарите каков голем бранител на националната гордост е нивната сегашна влада“.

На што нẻ подучува поблиското и подалечното минато

Без да се филозофира многу, првото на што треба да му се укаже на Бојко Борисов и неговата камарила, е да се потсети на еден голем европски државник, Вили Брант, како германски канцелар. Тој отиде во посета на Полска и во центарот на некогашното Варшавско гето, клекна понизно и побара простување за фашиситичките злодела пред Споменикот на полските Евреи кои завршија во гасните нацистички комори. Камерите на светските репортери го овековечија тој момент, како парадигма на покајување и барање проштевање од денешните генерации за злоделата на нивните претци.

На Бојко Борисов треба да му се укаже на оваа лекција на цивилизирано однесување и да дојде во Скопје и да се поклони пред споменикот на Евреите, кои по сервилното однесување на бугарските фашисти кон хитлеровите  нацисти, беа однесени со вагони за превоз на жива стока (крави и волови), во логорот на смртта во Треблинка.

Покрај ова, треба да му се укаже дека треба ист таков чин да направи пред споменикот на убиените македонски херои, чии животи згаснаа во бугарскиот фашистички участок, што се наоѓал каде што е сега блокот од Градскиот ѕид, спроти Градската хируршка болница „Св. Наум Охридски“. На фасадата сведочи споменик што говори за тој бугарски фашистички злостор.

Третото покленение и барање прошка е бугарското покајание пред Споменикот на ваташките младинци, убиени во Моклишкото поле, во Тиквешијата.

Негирањето дека во Бугарија нема македонско население е, можеби, точно, но пак на Бојко Борисов треба да му се упати следново прашање: Зошто на Тодор Живков, кога тој беше негов телохранител, не му се спротивставил, кога Македонците од Пиринска Македонија ги пресели на црноморскиот брег. Возрасните ќе ги избрише времето, а младите ќе се претопат во Бугари, како што и се случило. Но, заборавивте да ги смените и имињата на тие места, кои се чисто македонски: Неготино, Валандово, Струмица...

Бугарија треба да ја доживее таа покајничка катарза, за да може да бара рамноправно место во ЕУ.

Милан Аџиевски

 

 

 

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе