Фетулах Ѓулен за Ле Монд: Исламот не е спротивен на демократијата

На почетокот на 2000 години Турција беше почитувана муслиманска земја која направи сериозни чекори за подобрување на демократијата.

Владеачката партија која дојде на власт во 2002 година спроведе реформи во согласност со стандардите на Европската Унија и човековите права почнаа да се движат во насока на подобрување.

За жал, овие демократски реформи беа краткотрајни. За неколку години почнаа да стагнираат реформите. Веднаш по изборите во 2011 година, тогашниот премиер на Турција, сегашен претседател Ердоган направи пресврт од 180 степени. Од тогаш па навака сѐ повеќе се зголеми авторитарниот режим и Турција веќе не е земја пример за останатите муслимански земји. Негативното однесување на Турција во последниот период некои сакаат да го претстават како несовпаѓање помеѓу исламските вредности и демократијата. Но, ова би било погрешна дијгагноза на проблемите.

Иако сегашната власт се обидува да остави впечаток дека внимателно го почитува Исламот, сепак однесувањето на владеачката партија е во целосна спротивност со основните исламски вредности, кои немаат никаква врска со одреден начин на облекување или извикување на верски слогани. Основните исламски вредности се владеењето на правото и независното правосудство, отчетноста на владеачите и заштитата на основните човекови права и слободи. Назадувањето во демократските искуства на Турција не е поради почитувањето на исламските вредности, напротив, тоа се случува поради предавството кон нив.

Анатолиските народи се адаптибилни народи. Луѓето живеат заедно без разлика дали се Сунити, Алевии, Турци, Курди, без разлика на новната верска припадност, начин на живот, филозофски или верски ставови. Безмислени се обидите сите да бидат исти, тоа е непочитување кон човечноста. Мора да имаме почит кон сите различни мислења, чувства, начин на живот, филозофските сфаќања и погледот кон светот. Партиципативното демократско владеење, ниту една група нема да врши притисок кон друга група, без разлика дали е мнозинство или малцинство, е најсоодветната форма на владеење за таквото општество. Истото може да се каже и за Сирија, Ирак и за другите соседни држави.

Наведување на меѓусебната омраза помеѓу различните групи во општеството е метод кој го користат сите деспотски владетели во Турција и другите делови на светот за да ја задржат својата апсолутна власт. Без оглед на нивните верски убедувања и ставови, граѓаните треба да можат да се соберат околу нивните универзални права и слободи и на демократски начин да се спротивстават на оние кои ги кршат овие права.

Да се застане против прогонството е демократско право, должност на секој граѓанин и верска обврска на секој верник. Куранот вели дека луѓето не смеат да молчат наспроти прогонство. „О верници, бидете постојани при правдината, сведочете праведно заради Алах, било да е тоа против вас или против родителите или против блиските“ (4:135). Употребата на основните слободи, вклучувајќи ја и слободата на животот и слободата на изразување, како што се бара од верувањето или од гледиштето на животот, ги прави човечките суштества вистинска личност, под услов да не им наштетуваат на другите. Слободата е право кое Милостивиот (Господ) му ја дал на човекот и никој нема право да го оспори ова право. Човекот чие право на слобода е одземено, не може никогаш да живее на човечки начин. Наспроти тврдењата на „политичките ислмисти“, Исламот во ниту еден случај не е начин на управување, ниту пак е идеологија која има врска со начин на управување. Тоа е една вера. Можеби проповеда некои принципи во врска со управувањето, сепак тоа се многу мал број на принципи во споредба со бројот на останатите принципи. Спуштањето на исламот во политичка идеологија е голем криминал против духот на исламот.

Луѓето кои ја истражуваа врската помеѓу исламот и политиката, на три теми направија големи грешки. Првата грешка е тоа што ги помешале исламот проповедат од Куранот и зборовите на Мухамед со исламот кој произлегува од историските искуства на Муслиманите. Важно е критички да се разгледа историското искуство на муслиманите и одредбите наведени во контекст на тие искуства и да се воведат нови аспекти на муслиманите во светот, како што се човековите права, демократијата и социјалната инклузија. Втората грешка е тоа што преку курански превод или неколку избрани зборови на Мухамед (а.с.) се бара легитимитет на претходно веќе установени некои сфаќања и обидот да импозираат истите на други луѓе.

Духот на Куранот и филозофијата во животот на Мухамед може да се достигнат само со целосен аспект на гледиште, а помошта од Господ може да се очекува само со искрени желби. Трета голема грешка е да се тврди дека не се совпаѓаат Исламот и демократијата изнесувајќи го ставот дека „религијата е заснована на божјиот суверенитет, демократијата се темели на надмоќноста на нацијата“. Ниту еден муслиман не се сомнева дека Господ владее со сето она што се наоѓа во вселената. Но, ова не значи дека ние немаме право на сопствен избор или дека Господ не ги дал тие права. Националниот суверенитет во ниту еден случај не значи дека надмоќноста се одзема од Господ и им се припишува на луѓето.

Покрај тоа, она што ние го нарекуваме „држава“ е името на системот што луѓето го формираат заедно за да ги задржат своите основни права и слободи и да обезбедат правда и мир. Самата држава не е цел, туку алатка која им помага на луѓето да достигнат среќа во двата света. До кој степен луѓето од тој систем ги прифатат основни верувања и вредности, државата е толку близу до тие верувања и вредности. Од тие причини, изразот „исламска држава“ е спротивен на логиката. Како што во исламот не постои калуѓерството, така и теократијата е спротивна на исламскиот дух. Државата, која е резултат на социјален договор меѓу луѓето, во крајна линија е составена од луѓе и во ниту еден случај не може да биде „исламска“ или „света“.

Во светот демократијата се практикува на многу различни начини. Основниот демократски идеал според кој една група нема никаква надмоќност врз друга група на луѓе исто така е и исламски идеал. Основата на еднаквоста на луѓето се темели врз тоа што секој човек е совршено суштество на Господ и кој секој човект треба да имаме почит како кон едно совршено уметничко дело. Ако го имаме предвид сето тоа, ќе видиме дека партиципативната демократија, односно републичкиот начин на владеење е поблиску до исламот отколку монархијата или олигархијата.

Сегашниот начин на владеење во Турција повеќе наликува на олигархија отколку на демократија. Како Турција дојде до оваа состојба?

Претседателот Ердоган ја окупира државата, сопствениците на големиот капитал ги стави под своја заштита и ги награди своите најблиски. Така Турција, од држава која даваше голема надеж во име на демократијата, почна да се движи во погрешна насока. Со цел да ја задржи автократијата, Ердоган мене и следбениците на движењето Хизмет ги прогласи за државни противници и не прогласи за виновници за сите лоши настани кои се случија во последно време. Ова е типичен пример за тоа како може една група на луѓе да биде прогласена за „жртвено јагне“.

Прогонот е целосно усмерен кон следбениците на движењето Ѓулен, кои се залагаат за мир и толеранција, како и кон сите неистомисленици. Екологиститите, новинарите, Курдите, Алевиите, немуслиманите, па дури и некои исламски настроени групи кои имаат опозициски став против Ердоган беа зафатени од оваа политика. Неправедни отпуштања, апсења, малтретирања, запленувања и многу други методи се дел од тортурата на владата на Ердоган против неговите неистомисленици.

Голем дел од припадниците на движењето Ѓулен, кои бегаат од тортурата на турската влада, се засолнија во различни земји низ светот. Голем дел од нив се засолнија во Франција. Нивната задача е да се интегрираат во општеството на законски начин, да придонесат за решавање на социјалните проблеми и да се борат против ширењето на радикалните толкувања на исламот во Европа.

Во Турција сѐ уште е во тек прогон дури и кон сите оние кои чувствуваат симпатии кон одредена група. Секој ден се зголемува бројот на жртвите од оваа негативна кампања. Повеќе од 150 илјади лица се отпуштени од работните места, повеќе од 20 илјади се приведени, од кои 80 илјади се уапсени. Поништени им се пасошите на лицата кои се мета на овој политички прогон и кои сакаат да ја напуштат земјата, со тоа тие се лишени од дури и основните човекови права на Обединетите нации.

Иако Турција од своето основање во 1923 година, па наваму многу често била мета на многу воени удари, сепак секогаш продолжила на патот кон демократијата. Практиката на тековната власт го уништува угледот на Турција на меѓународната арена и ја става во категорија на држави кои ги апсат граѓаните кои го користат своето демократско право на критикување. Владетелите ги злоупотребуваат меѓународните дипломатски врски. Сите дипломатски сили ги користат за да ги вознемируваат, седат и ги киднапираат следбениците на движењето Хизмет насекаде во светот.

Очигледно е дека турските граѓани не можат да ги пренесат своите демократски барања до своите владетели. Како една од причините за ваквото однесување на граѓаните може да се наведе стравот од нарушување на економската стабилност. Но, доколку погледнеме наназад, ќе забележиме дека тука лежи една историска причина.

Иако демократското владеење е еден од идеалите на Република Турција, сепак не е вложен некој посебен труд за да се воспостават демократските вредности меѓу турскиот народ. „Послушноста на еден силен лидер“ и „послушноста кон државата“ се начела кои секогаш беа застапени во образовниот систем. Воените удари кои се случуваа речиси секои 10 години не дозволија развој на демократијата во општеството. Граѓаните заборавија или беа приморани да заборават дека државата постои за луѓето, а не луѓето за државата. Со мирна совест може да се каже дека претседателот Ердоган ја искористи психологијата на општеството.

Иако турската демократија е во кома поради моменталниот режим, јас сепак имам надеж. Тортурата никогаш не била долговечна. Верувам дека Турција еден ден ќе се врати во насоката на демократијата. Сепак, треба да се преземат некои мерки за да се вкоренат демократските вредности.

Најнапред треба повторно да се разгледа образовниот систем. Темите како еднаквоста на сите граѓани пред правдата и правото на слободата треба да бидат дел од темите уште во основното образование, за учениците кога ќе пораснат да се однесуваат на таков начин. Потоа, треба да се направи нов устав каде што ќе бидат вметнати основните човекови права наведени во договорот на ОН. Со Устав треба да се заштитат цивилното општество и слободните медиуми, како принцип за одржување на рамнотежата за да се спречи прекршување на овластувањата на владателите. И како трето, влијателните личности треба да ги проповедаат демократските вредности и да ги практикуваат во своите животи.

Во моментов нема ни трага од демократијата и човековите права во Турција. Очигледно е дека ја пропушта шансата да ги достигне стандардите на ЕУ, како земја каде што поголемиот дел од населението се муслимани.

Лидерите се како кајмакот кој се наоѓа врз некоја течност. Од каква природа е течноста, од таа природа ќе биде и кајмакот. Лидерот на едно општество, можеби не скогаш во целост, сепак го претстваува верувањето и вредностите на поголемиот дел од општеството. Се надевам дека лошите настани кои се случија во последно време ќе бидат причина за колективно освестување, во блиска иднина ќе бидат причина за слободни и независни избори и дека ќе произлезат лидери со демократска идеологија, кои ќе ги штитат основните човекови права и слободи.

Фетулах Ѓулен

(Текстот е преземен од Заман, весникот на турски јазик во Македонија)

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе