Федеративна Република северна Македонија

Спомнувањето на прашањето за федерализација на Македонија, прави чувство на огорченост, а кај некои Македонци дури огромен револт и бес.

Во минатата колумна го поставив прашањето дали е возможно во некое идно време да се формира сојуз на суверени држави на Србија и Македонија.

Одговорот треба да го дадат меѓународните креатори на политиките и стратегиите за Балканот, бидејќи тој процес зависи само од нив.

Тоа што во најголема мера зависи од нас, е како ќе си ја уредиме нашата сопствена држава во многу блиска иднина.

Оваа што сега се случува е квази унитарна држава, во која се уништени сите вредности и атрибути на една држава, на ниво пониско од најнеорганизираните африкански држави. Ваквата алармантна состојба бара брзи и  хируршки зафати, ако сакаме да си ја спасиме државата.

Македонските политичари  им го продадоа Уставот на албанските орли. Ја продадоа демократијата со носење  закони со т.н. правило на Бадентер.  Без гласовите на Албанците (читај Ахмети)  не може ни закон за „мала нужда“ да донесете. Ја продадоа владата и државните институции на неспособни и неписмени членови на албанските партии (и македонските ). Секое прашање на државно, а и на локално ниво, е прашање на договарање и согласност со албанскиот фактор. Тоа важи за надворешна политика, за економијата, безбедноста, образованието, културата, локалната самоуправа...

Сето ова, сега,  засега,  поминува без поголемо јавно противење или негодување кај Македонците. Но, приватно, во меѓусебните контакти, револтот е огромен. Нема да најдете ниту еден Македонец, кој  во најмала рака сегашната состојба не ја дефинира како „апартхејд“.

Албанските партии, сите до една, се залагаат и упорно работат за реализација на нивната национална агенда, а тоа е федерализација на Македонија, како чекор  поблиску до остварување  на големиот сон за голема Албанија. Ниту една албанска партија не го крие тоа. Напротив,  јавно се борат за оваа агенда. Да не се разбереме погрешно, тоа е нивно легитимно право. Но не е легитимно  тоа да го прават врз грбот на македонскиот народ.  

Македонските партии, како ноеви со закопани глави во песокот, мрморат нешто неразбирливо  за некаква унитарна држава, држава на Македонскиот народ. Пародијата да биде уште поголема, на зборот „федерализација“  доживуваат „нервен слом“.

Состојбата е ваква каква што е. Многу, многу лоша. Сегашната „квази унитарна“ држава е сто пати полоша од каква било федерална држава. Македонскиот народ во неа дефинитивно е „граѓанин од втор ред“. Како што одат работите, брзо ќе се појават транспаренти „Macedonian lives matter“ , „Me to“,   „Stop racism“...  Но тоа нема ништо да помогне. Состoјбата ќе се влошува од ден на ден. Пред некое време еден мој албански пријател ми рече: „Македонија ќе се дели. Скопје ќе биде балкански Ерусалим, само вие Македонците во него ќе бидете Палестинците“.

Спомнувањето на прашањето за федерализација на Македонија, прави чувство на огорченост, а кај некои Македонци дури огромен револт и бес. Тоа не е без причина. Перманентниот атак врз Македонците што трае со векови, постојаната борба за опстанок како народ, огромниот број на жртви за стекнување на самостојна држава, се дел од причините за таквите чувства на Македонците. За жал само со тие чувства сега не можеме да ја одбраниме државата. Потребно е многу работа, правилни проценки, стратегија и тактика за зачувување и унапредување на сопствената држава и сопствениот народ.

Прашањето сега е во изборот на една од двете опции. Вооружена револуција и одбрана на унитарниот карактер на државата на македонскиот народ или федерализација и мирна разделба со Албанците.

За првата опција се знае патот. Доброволна војна обука на Македонците. Формирање единици на цивилна заштита. Формирање на фондови за финансирање на одбраната на државата. Лобирање кај меѓународните фактори за поддршка на таква активност. Креирање на јавно мислење за историското значење на ваквата борба...  Потоа се знае што следува.

За втората опција прво треба да се отвори широка јавна дебата. Потоа е потребна  стручна анализа за согледување на сите позитивни и негативни последици од таквиот процес. Потребно е сериозна подготовка на сите законски акти и документи за таков вид на активност. Подготовка на државната администрација на сите нивоа за спроведување на еден таков процес. Крајниот ефект од тоа ќе биде држава составена од две федеративни републики, кои си тераат секоја  сама за себе, освен за прашањата на надворешна политика, војска и валута. Претседателот и премиерот на таа држава во суштина би биле на ниво на протокол мајстори. Вистинската власт и управа ќе биде во секоја федеративна република одделно. Секоја федеративна република самостојно си го води финансискиот и фискалниот систем, со тоа што дел од даноците уплаќа на државно ниво за функционирање на федералните органи.   

Со други зборови, нека си работат Албанците, нека плаќаат даноци, нека си ја финансираат својата република со сите нивни политичари и административци, нека си печатат учебници, нека си финансираат културни манифестации, споменици на УЧК борци, нека си носат закони, се на се, нека си играат „држава“. Со свои пари, со своја памет.

Ако некој има некоја трета опција, нека ја презентира. На Македонија ѝ треба спас. Долго време виси на старо јаже над стрмна провалија. Каде и да е ќе се скине.

Ангел Наков

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе

Влијанието на корупцијата врз економијата е значајно. Корупцијата може да доведе до неефикасност и погрешна распределба на ресурсите, да ги обесхрабри странските инвестиции и да ја поткопа конкурентноста на фирмите.

повеќе