ДУИ пак го посакува министерското место за одбрана

Али Ахмети на средбите со Тачи и Харадинај изразил уверување дека македонските Албанци се подготвени да имаат блиска соработка со Косово во насока на проширување на влијанието на албанскиот фактор.

Во сенка на актуелните проценки за „значењето“ на договорот од Нивици и бројните резерви за спроведувањето на промената на името на Македонија, од дипломатските кругови во Брисел доаѓаат и други информации за содржината на неформалниот дел од разговорите на Али Ахмети, лидерот на ДУИ со косовските политички лидери Рамуш Харадинај и Хашим Тачи, во Приштина на 29 мај.

И покрај проценките дека договорот меѓу Зоран Заев и Алексис Ципрас ќе значи многу за  безбедноста во регионот, некој во тој регион како да размислува поинаку. Токму тие воено-безбедносни прашања биле покренати на средбите во Приштина. Се разбира дел од тие прашања се поврзани со духот на договореното од „Тиранската платформа“, уште лани пред изборите во Македонија.

Според дипломатските извори во Брисел, Али Ахмети на средбите со Тачи и Харадинај изразил уверување дека македонските Албанци се подготвени да имаат блиска соработка со Косово во насока на проширување на влијанието на албанскиот фактор и реализирање на политичките интереси од „Тиранската платформа“, а дел од тоа е и обединување на албанските територии од регионот.

Ахмети на овие средби бил подготвен да даде посериозна помош во организирањето на косовската армија, заеднички програми за обука за примена на методи за специјални операции на поранешните припадници на ОВК, помош при испорака на воена техника и оружје за Приштина. Се разбира за ова сите фактори ја имаат и логистичката поддршка од Бондстил базата во Косово, велат дипломатите.

Целта на оваа подготовка е зајакнување на косовската армија по сѐ почестите информации за можна интервенција на српската армија на Косово.

За Ахмети оваа соработка со косовските Албанци на домашен терен ќе се претстави како дел од реализацијата на програмските определби на ДУИ. Пред изборниот конгрес на партијата летово, кога треба да се избира нов лидер на партијата или давање доверба на Ахмети за уште еден мандат, овие активности само ја засилуваат позицијата на актуелниот лидер на ДУИ.

Наредниот чекор би бил повторно добивање на местото министер за одбрана за човек на ДУИ (Талат Џафери и Фатмир Бесими досега беа министри за одбрана) за полесно спроведување на цела оваа логистика за Косово и барања дозволи за користење на армијата во внатрешни конфликти. Со тоа улогата на Ѓорге Иванов, врховниот командант на АРМ би била сосема намалена.

Ако прецизно се следи она што беше договорено со „Тиранската платформа“ и она што досега е реализирано, може слободно да се каже дека спроведувањето на договорот од Тирана оди со голем процент на успешност. Барем досега.  

Александар Стојановски, Брисел         

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Се прашувам дали градоначалникот на Охрид знаел дека „кланот" ќе додели јавно признание на вахабист.

повеќе

Македонија треба да започне со процесот на усвојување модел за правно признавање на родот со почитување на фундаменталните права и правото на личен и телесен интегритет на транс луѓето.

повеќе

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе