Дождлив ноември, a ние и понатаму како скаменети цветови

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

Чувствувам дека е празно, дека зборот ништо не може да промени, но исто така речиси сум сигурен во сопственото чувство дека повеќе од лесно се однесуваме со државата која е во слободен пад. Од друга страна пак, како аргумент сепак да се напише нешто, да се остави некаква трага, ми доаѓа мислата дека историјата сепак не познава моменти каде во целосна тишина пропаѓаат нештата создавани со години. Навистина ни се случи од Лет во место да дојдеме до состојба да се вкопаме во место. 

Баш заради ова, прво му „пишувам”, нели, на претседателот на нашата држава дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена. Но, во нашата држава на која тој инаку е претседател, веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство, иако знам дека ниту направил ниту ќе направи нешто.

Дај Боже да не сум во право!

Зашто е битен претседателот? Па затоа што и е избран да не дозволи апсолутна импровизација и камиказа-пристап во решавањето на најкрупните прашања во државата. Да не дозволи да се случуваат работи кои само дополнително ќе ги комплицираат состојбите во државата, ќе ја уназадуваат демократијата, ќе го засилуваат теророт во сите сфери на живеењето и до крај ќе ја урнисаат ионака нарушената доверба на граѓаните во државата и оправданоста од нејзиното постоење во ваков облик. Затоа што легитимитетот никако не би смеел да се потпира на самокиднапирање на пратеници и киднапирање на Собранието од страна на Талат Џафери.

Ваквите примери на погазување на демократијата, или уште попрецизно на привидот на демократијата во државата, на површина ја исфрлија циничнита, без корен и арогантна т.н. елита, која без и малку срам даде поддршка на, нели, кадифениот тоталитаризам, кој севкупното лудило во државата го прогласува за нормалност. И ако никој не презема ништо, ни претседателот, ни јавноста, ни протекторите кои не е јасно од кои причини молчат, ќе остане само да се надеваме дека противприродноста на ваквото однесување во себе носи и семе на сопствено уништување. Цената ќе биде голема, нема сомневање, секако ќе биде голема!

Затоа зборувајќи за Балканот, првенствено за Македонија, сè повеќе наместо да се зборува за мекиот стомак на Европа, ќе се зборува за аномалија на регионот, аномалија која според првичните анализи прераснува во сериозен проблем. Комбинацијата на внатрешните со сериозните надворешни проблеми станува сè понапорна.

Има ли поголем доказ за ова што го зборувам од трагичната автобуска несреќа, која е најголема во Европа во послединте педесетина години, несреќа која на нозе ја крена цела Европа, а кај нас никој не чувствува и не понесува одговорност за изгубените човечки животи.

Дополнително, оваа се можеби настани со најдалекусежни последици. Ќе загатнам еден, затоа што деновиве дополнително ќе се отвори прашањето дали албанскиот политички блок ќе се „амдибајрамизира” и какви последици тоа ќе предизвика во бирачкото расположение кај македонскиот народ? Проблем кој воопшто не е наивен. Да не ги отворам темите од областа на секојдневното живеење кои се повеќе од траорни.

Никогаш не е доцна, но сè додека мислиме/те и веруваме/те дека лошите момци се само во спротивниот табор или во таборот на вашите/нашите противници не ја бива работата, па макар сто датуми да добиеме.

Иван Стоилковиќ, пратеник во македонското Собрание

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе