Доминантно малцинство?

Ве молам потрошете малку време и погледајте кои закони не може да се донесат, ако за нив не даде амин Али Ахмети.

Доминантно малцинство  е малцинска група (вообичаено етничка)  која има огромна политичка, економска или културна доминација во една земја. Македонија и Сирија се едниствените земји во светот каде функционира принципот на доминантно малцинство. Во Сирија тоа се однесува на малцинството Алавити чиј претставник е фамилијата на Асад, а во Македонија тоа се Албанците со нивните претставници.

Системот на доминантно малцинство во Македонија се воспостави после мировниот договор во Охрид, под огромен притисок на нашите западни пријатели. Ниту тогаш, ниту денес, не се најде македонски политичар барем да праша каде во светот постои таков хибриден систем и како тој функционира. Ако прашаа, ќе им кажеа дека такви системи постоеја во Руанда, Јужна Африка и Ирак. Држави, кои  знаеме како завршија.

За да нема непотребна и неплодна дебата и теоретизирање на оваа тема, ги споделувам само неспорните факти.

Дали знаете колку закони во Македонија мора да се носат т.н. „Бадентерово мнозинство“, односно за нив мора да гласаат најмалку половина од албанските пратеници?

Верувале или не,  40 (четириесет)  закони. Кој не верува нека го погледа чл.11 од Законот за комитетот за односите меѓу заедниците (Сл.в. бр.150/2007). Ве молам потрошете малку време и погледајте кои закони не може да се донесат, ако за нив не даде амин Али Ахмети. Но тоа не  е се. Со Законот за референдум, на граѓаните им е збрането да се изјаснуваат преку референдум за прашања поврзани со изборите, државниот буџет и сите прашања кои се поврзани со законите кои се носат со „бадентерово мнозинство“. Со други зборови правото на граѓаните директно да се изјаснат за некое прашање, буквално, со закон им е забрането.

Сегашното шоу наречено „попис“, е само замајување на јавноста од суштината на проблемот. Проблемот не е дали Албанците се 20, 30 или 50%, туку на никој да не му падне на памет да чепне во системот на доминантно малцинство, кој од Македонија направи феудална држава со две антагонистички класи. На една страна „феудалци“ (тајкуни, политичари и нивните полтрони), а на другата „селани-вазали“ (граѓаните на Македонија).  

Еве ја листата на закони за кои мора де се гласа со т.н. „Бадентерово мнозинство“  (читај: со амин на Али Ахмети):  Законот за територијалната организација на локалната самоуправа во Република Македонија, Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа,  Законот за комуналните такси, Законот за даноците на имот, Законот за вршење на занаетчиската дејност,  Законот за определувње на имиња на улици, плоштадите, мостовите и на други инфраструктурни објекти, Законот за полициската академија, Законот за воената академија, Законот за правосудниот испит,  Законот за безбедноста на сообраќајот на патиштата, Законот за личната карта, Законот за патните исправи на државјаните на Република Македонија, Законот за матичната евиденција, Законот за заштита на потрошувачите, Законот за објавување на законите, другите прописи и акти во Службен весник на Република Македонија, Законот за радиодифузната дејност, Законот за државните награди, Законот за основното образование, Законот за средното образование, Законот за високото образование, Законот за ученичкиот стандард, Законот за основање Државен универзитет во Тетово, Законот за Бирото за развој на образованието,  Законот за Академија за обука на судии и јавни обвинители, Законот за просветна инспекција,  Законот за културата, Законот за музеите, Законот за библиотеките, Законот за меморијалните споменици и спомен-обележја, Законот за заштита на културното наследство, Законот за празниците на Република Македонија, Законот за научно-истражувачката дејност, Законот за употреба на знамињата на заедниците во Република Македонија, Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, Изборниот законик кој се однесува во делот на локалните избори, Законот за попис во земјоделството во Република Македонија, Законот за градот Скопје, Законот за стручно образование и обука, Законот за филмскиот фонд на Република Македонија и Законот за народниот правобранител.

Што треба да се направи

Треба да се покрене постапка за измена на овој закон. Новиот закон во секој случај треба да ги штити сите помали етнички групи во државата од мајоризација. Кога станува збор за законите кои ги регулираат прашањето на употребата на јазикот и писмото и остварување на културните традиции, нема никаква дилема дека е потребна согласност на помалите етнички групи. Сите други права спаѓаат во групата на граѓански права и тука нема никој право да го воведува системот на доминантно малцинство.

Како да се направи

Оваа тема треба да се отвори во јавноста. За неа да се дискутира, истражува. Да се организираат  трибини на ниво на научните и високообразовните институции. Да им се објасни на граѓаните дека постојната законска регулатива не е никаква одбрана на какви било граѓански или етнички права, туку само орудје во рацете на неколку политички партии (македонски и албански), непречено и без никаква одговорност да владеат со „феудалната“ држава Македонија. Добро информираните граѓани се најмоќното орудие кое ќе ги спроведе потребните промени.

 Ангел Наков

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе