Дојрански договор за Влада

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

Во март и април кога имаше пет пати помалку заболени од ковид-19 на ден, имавме полициски час, затворени кафани, забрането возење точаци, забрането шетање покрај езерата, забрана за движење во планина. Тогаш прашав, ако јакиот имунитет е најдоброто оружје против овој страшен вирус, зошто не терате да седиме затворени дома? Па нели науката тврдеше дека имунитетот се гради со здрава исхрана и физички активности, посебно во природа. После оваа мое прашање, мојот профил на фејсбук беше блокиран три месеци.

Сега прашувам, кој политичар гарантира дека со излегување на овие избори не е загрозено моето  здравје и живот? Сега кога СЗО тврди дека вирусот се пренесува и преку воздухот, кој политичар гарантира дека мерките што се предвидени за денот на гласањето се доволни и се сигурна заштита за здравјето и животот на граѓаните?

Секој ден слушам дека оваа биле историски избори. Дека се работело дали ќе ја биде или не нашата татковина. Сега се одлучувало за иднината на нашите деца. Морам да кажам дека оваа песна ја слушам на сите избори во последните триесет години. И на сите избори сум излегувал да гласам верувајќи дека учествувам на историски избори. За жал после сите овие „историски“ избори крајниот резултат стално бил ист. Гола борба за власт, привилегии и пари. Но, си викаш, тоа е тоа. Демократијата горе доле функционира на ист начин во цел свет.

Но, овие “историски“ избори сега се разликуваат од сите други претходни по еден многу значаен и навистина историски момент, загрозено е здравјето, а и животот на граѓаните. За една толку мала и нерзавиена земја, оваа е прав руски рулет.

Сакам да Ве потсетам дека  се што било од важност за државата е решавано на маса, од четири-пет партиски водачи, со подршка на меѓународната заедница. Во сите случаи надвор од уставните, законските и демократските норми на државата. За воља на вистината, нивните договори потоа без поговор беа спроведувани во  Собранието на државата од страна на „народните пратеници“.

Затоа сметам, дека и сега во време на најголемото зло што го има снајдено човештвото после Втората светска војна, сѐ поалармантните  бројки на  новозаразени во целиот регион, прашањето за новата влада најцелисходно е да се реши на маса, со договор на четирите-пет партиски водачи. Оваа би било правило, а не исклучок. Нека се соберат во Дојран*, нека се договорат и нека нѐ известат.  Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во пост пандемискиот период.

П.С.  Тие што мислат дека има некоја разлика дали Владата ќе биде скроена на маса или на избори, сѐ уште  го немаат перципирано нивото на демократија во нашата татковина.

*Дојран го предлагам бидејќи југоисточниот дел на Македонија во поновата македонска историја не е застапен со некој значаен настан, за разлика од периодот на војводите, комитите и партизаните.     

Ангел Наков

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе