Додека Медитеранот гори светот добива остро предупредување за климатската криза

Летото 2021 е лето на поплави, топлотни бранови и распространети пожари низ целиот свет.

Поради ваквите екстремни климатски промени, од САД до Индија изгубени се човечки животи, уништени се домови и екосистеми и направена е голема инфраструктурна штета. Среде сето ова, водечкото тело на Обединетите Нации за климатски промени, ИПЦЦ, го издаде своето најостро предупредување досега. Климатската криза предизвикана од човековото дејствување е овде и ќе продолжи да влијае на нашите животи во децениите што доаѓаат, а времето за лимитирање истата да не премине во катастрофална, истекува брзо.

 

Меѓувладиниот панел на ОН за климатски промени (ИПЦЦ) е тело од врвни експерти и научници за климата. Формирано е во 1988-ма година со цел „да им обезбеди на владите  научни информации на сите нивоа, што можат да ги користат за развој на своите климатски политики“. Извештаите што ги објавува, како што е најновиот, се од витално значење за годишните меѓународни преговори за климата, односно Конференциите на договорните страни на ОН.

На 7-ми август ИПЦЦ ги објави првите поглавја од претстојниот 6 -ти Извештај за проценка на глобалната состојба на климатската криза. И покрај неговите 4.000 страници на високо технички јазик, извештајот дава загрижувачка слика за децениите што доаѓаат и предупредување кое е итно и јасно.

Невидено затоплување

 „Недвосмислено е дека човечкото влијание ги загрева атмосферата, океанот и копното. Се случуваат распространети и брзи промени во атмосферата, океанот, криосферата и биосферата“.

Извештајот, кој е резултат на првата работна група на ИПЦЦ, се фокусира на физичкиот научен аспект на климатската криза. Обезбедува информации за:

  • Моменталната состојба на климата
  • Како истата се менува
  • Како човечката активност, особено согорувањето на фосилни горива, е во најголем дел виновна за овие промени
  • Различни идни сценарија во зависност од тоа колку дозволуваме планетата да се загрее
  • Специфични информации по региони и сектори
  • Што треба да се направи за да се ограничи понатамошното затоплување.Историја на глобалните промени на температурата и причините за затоплување (ИПЦЦ)

Степенот и брзината со која се случуваат многу од овие промени се исто така неспоредливи до сега или како што авторите на извештајот велат, „без преседан“. Во 2019-та година измерена е атмосферска концентрација на јаглероден диоксид (СО2) што е највисока од изминатите 2 милиони години најмалку.

Од последните 6.500 години, највисоко зголемување на температурата е увидено помеѓу 2011 и 2020 година. Истата деценија е деценија на најниско ниво на површината на мразот на Арктикот во изминатите 1.000 години. Ова се само неколку од статистиките истакнати во извештајот.

Климатски иднини

Со секој извештај, авторите користат научни податоци за да креираат 5 различни глобални и регионални сценарија за иднината под различни нивоа на затоплување. Во најдоброто сценарио (SSP1-1.9), до крајот на векот ќе доживееме затоплување од 1 до 1.8 степени Целзиусови. Во најлошото (SSP5-8.5), затоплувањето се движи до некаде помеѓу 3.3 и 5.7 степени Целзиусови.

Уште со Парискиот договор во 2015-та година, кажано ни е дека затоплувањето на планетата над 1.5 Целзиусов степен не е ништо помалку од катастрофално. Поради отсуството на дејствување оттогаш, за да се избегне најлошото сценарио, извештајот предупредува дека затоплувањето од 1.5 степени Целзиусови до 2050-та година е неизбежно и дека глобалните температури на површината на Земјата растат во секое сценарио. Сценариото по кое ќе се движиме зависи од тоа дали сме подготвени да ризикуваме да си дозволиме повисоки температури. Овој извештај велат научниците, е нашето последно предупредување.

„Ако не ги намалиме (емисиите), до следниот извештај на ИПЦЦ на крајот на оваа деценија, затоплување (од само) 1.5 степен Целзиусов ќе биде невозможно“. ~ Џоери Рожељ, директор за истражување на Институтот Грантам, Империјал колеџ во Лондон и водечки автор на ИПЦЦ. 

Промени во годишната средна температура на површината, врнежите и влагата на почвата (ИПЦЦ).
Европа

Европа ќе доживее пораст на температурите во сите сценарија што ќе бидат над глобалниот просек. Во изминатите неколку децении, сведоци сме на се’ посилни и почести климатски екстреми наоколу континентот, како што се ектремните топлотни бранови, поплави и морски жештини. Во наредните децении, исто така, ќе забележуваме сѐ поголемо намалување на студените периоди и мразови, како и пораст на нивото на морето.

Сценаријата над 2 степени Целзиусови означуваат апсолутна катастрофа за Европа, бидејќи „критичните прагови релевантни за екосистемите и луѓето“ ќе бидат надминати.

Медитеранскиот (МЕД) регион

Регионот МЕД (кој ги вклучува и државите од Балканот) ќе биде подложен на зголемени хидролошки, земјоделски и еколошки суши. Затоплувањето над 2 степени Целзиусови ќе резултира со значителни суши и ќе создаде многу повеќе услови за пожари (влажност, силен ветер на површината, нестабилен воздух и суша).

Ова е особено точно во моментов бидејќи медитеранските земји како Северна Македонија, Турција, Италија, Грција, Албанија и Либан продолжуваат да бидат опустошени од пожари во изминатите недели по рекордните температури од топлотниот бран низ регионот. Институтот Коперник на ЕУ изјави дека Медитеранот има добиено етикета за „жариште на пожари“.

Смртно ѕвоно за јагленот и останатите фосилни горива?

Во извештајот експлицитно се наведува дека ако сакаме да го ограничиме катастрофалното затоплување над 1.5 степени Целзиусови, треба значително и итно да ги ограничиме емисиите на СО2 и другите стакленички гасови. Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, го оцени извештајот како „црвен код за човештвото“, повикувајќи ги светските лидери веднаш да дејствуваат.

„Овој извештај мора да звучи како смрттно ѕвоно за јагленот и (остантите) фосилни горива, пред да ја уништат нашата планета. Не смееме да дозволиме отварање на нови погони за јаглен по 2021-ва година. Земјите на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) мораат да го укинат постоечкиот јаглен до 2030-ta година, а сите други ќе го следат примерот до 2040-ta година. Земјите исто така треба да ги прекинат сите нови истражувања и производство на фосилни горива и да ги префрлат субвенциите за фосилни горива во обновлива енергија. До 2030-тa година капацитетот на сонцето и ветерот треба да се зголемат за четири пати, а инвестициите за обновлива енергија треба да се зголемат за да се одржи нето-нулта траекторија до средината на векот“. ~ Антонио Гутереш, генерален секретар на ОН

 Автор: Џеј Ди Фаруџиа | Превод и адаптација: Симона Гетова

 

The Climate Herald објавува редовни написи поврзани со климатската криза засновани на научни истражувања и разговори со специјалисти од овие области. Наша цел е да обелоденуваме како климатскиот колапс влијае на секој аспект од нашите животи, какви решенија ни се достапни и што треба да се смени за решавање на најголемиот проблем на денешнината.

 

Џеј Ди работи како проектен менаџер и менаџер на кампањи во приватниот и во граѓанскиот сектор, како и во областа на уметноста и културата од 2010. Некои од овие улоги вклучуваат: управител на граѓанска организација фокусирана на одржлив риболов, креирање и координирање на програми за граѓанско општество и координација на програмата на локален театар. Џеј Ди има МSс во менаџмент со животната средина и планирање и завршено додипломски студии во психологија на Универзитетот во Малта. Тој во моментот е вклучен во различни проекти поврзани со екологијата и животната средина, како и уметнички проекти во Малта, Северна Македонија и на европско ниво.

Симона е докторант во областа на политичката екологија на катедрата за политички и општествени науки на Универзитетот Помпеу Фабра во Барселона. Таа е организатор за климатска и социјална правда и работи на пресеците на политичкото образование, управувањето и колективното делување за социјално-праведни и еколошко-здрави заедници на Балканот и пошироко.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе