„Добитници“ и „губитници“

На 12 јуни 2018 година светските и регионалните медиуми своите информативни програми ги почнуваа со веста дека на тој ден биле постигнати два исклучително важни договори: САД - Северна Кореја и Република Македонија и Грција.

И денешните информативни програми, како и политичките емисии и изјави, како follow up, се занимаваат со овие два (со често користен израз) историски настани. И објективно, се работи за историски настани - како од аспект на траењето на „проблемите“, така и од аспект на очекуваните придобивки.

Секако, во секој договор - како компромис меѓу две страни, постојат можности на содржината да се гледа од различни аспекти. Тешко е да се најде „договор“ со кој сите би биле целосно задоволни. Оттука, само од објективна и реална перспектива би можело да се оцени придобивката и иднината која се отвора со (секој) договор.

Слушајќи ги различните анализи на договорите меѓу САД и С.Кореја, така и (особено) меѓу Македонија и Грција, доминираат ставови „кој бил добитник, а кој губитник“. Притоа ретко од истите може да се слушне став „а што би било да не биле постигнати тие договори“.  

Имам разбирање за поединечни ставови кои се главномод емотивен карактер (критика или глорификација). Меѓутоа, апсолутно не би се согласил со потенцирањето на квалификациите дека некој бил губитник, а другиот добитник. Точно е дека најчесто договорните страни не се целосно рамноправни, немаат еднаков интерес за решавање на проблемот, констелацијата во меѓународните односи...

Веројатно оттука во политиката внесен е и поимот win-win, со што се одбегнува детализирање на „незадоволствата“ кај едната или другата страна. Доколку се навлегува во анализа (кај секоја страна) во тоа „што се губи“ тоа би можело да оди многу далеку и уште на самиот почеток да создаде лоша основа за промоција на добрите страни - придобивките.

Од она што можев да го прочитам по медиумите, лично сметам дека овој договор е токму „WIN - WIN“.     

Александар Тавчиовски

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе

Ако нешто е направено спротивно на законот, тогаш тоа што е направено е ништовно по силата на правото (ipso iure). 

повеќе

Албанците сакаат да се поврзат со Илирите, Бугарите со Траките, а според нашите политичари и гласните негатори само ние немаме такво право, а за тоа има најмногу доказателства во македонскиот јазик, но и во фолклорот, носиите, архитектурата, музиката...

повеќе