До мојот претседател, пријател и Човек, Борис Трајковски

Поминаа петнаесет години од како не си со нас. Меѓутоа, твојот карактер, искреност, принципиелност, смисол за реалност и посветеност на нашата држава се и денеска многу силно присутни.

Слушам деновиве изјави дека „не сме знаеле да цениме кого сме имале“. Драг Борис, јас сум те ценел и ги согледував сите твои квалитети и тогаш и денеска. Беше ЧОВЕК со сите атрибути кои го красат таквиот лик, беше претседател на сите граѓани на нашата држава. Беше човек кого странците го препознаа, со сите твои квалитети, но, за жал, не и сите во државата чии што претседател беше. 

Драг Борис, ти беше претседател, а јас (само) советник за надворешна политика. Но, и покрај тоа, кога разговаравме, ме третираше како рамноправен соговорник. Имаше особина, непозната за нашиот менталитет, да ги слушнеш мислењата и на другите. И потоа носеше одлука. Немаше суета. Имаше квалитет да прашаш. Колку тоа денеска ни недостасува!

Имаше моменти и кога не се согласувавме, кога изнесував и различно видување или  мислење од тебе. Не ми забележуваше, не се повикуваше на твојата функција. Паметам дека само еднаш ми се налути. Кога на покана на тогашниот претседател на Република Хрватска, г-динот Месиќ, те придружував на Бриони и кога дублот С. Месиќ – С. Ник нѐ победија во тенис.

Драг Борис, не само што беше голем државник (и покрај непочитувањето од други), ти беше и вистински човек. Знаеше да прашаш и да се внесеш и во приватните проблеми на твоите соработници.

На твојата човечност можев само да возвратам со иста мерка, со човечност и почитување. И тогаш и денеска те доживувам како исклучителна личност со сите човечки и политички квалитети. Јас и тогаш знаев да те ценам.

Искрено, твојот советник и искрен пријател,

Александар Тавчиовски  

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе

Охрид, најголемиот и најпосетен туристички центар во Македонија, балканскиот Ерусалим и европскиот бисер, се менува со брзина на светлината.

повеќе