Демонстрациите се украс на демократијата

И не само тоа, туку квалитет на слободата. „Слободата нема никаква вредност ако во себе не ја вклучува слободата на грешките" - Махатма Ганди.

Секакви други разбирања и односи спрема демонстрациите и демонстрантите се погрешни. Кај нас во Македонија се чини се уште повеќе погрешни, бидејќи најмногу се  дефинираат со молчење на политичарите, експертите, дипломатите и посебно универзитетите и професорите, за кои Антон Чехов (да е жив) пак би рекол „универзитетите ги развиваат сите способности, во тој број и глупостите“. Тоа го потврдува гласногромното молчење на нашата интелегенција која не е приведена во затвор.                  

Е, ако е тоа така (прифатено од целиот свет), а тоа е така, се прашувам зошто кај нас не се расчистени тие предрасуди? На располагање ни се „експерти“, универзитетски професори, дипломати, амбасадори, печат, ТВ со топ теми... И никој не се осмелува да отвори дебата дали е нормална ситуацијата со приведените наши демостранти, меѓу кои видни интелектуалци: Дурловски,  Дамовски, Мукоски, Пешевски, Василевски, Арнаудов и други... да преживуваат затворски режим со криминалци, продавачи на дрога, силеџии...? Тие веќе долго време се приведени. И не се третираат како дел од демонстрантите кои поседуват народен, културен, морален и професионален имунитет (како за интелектуалци). Недопуштено е вината (ако постои) на еден интелектуалец да се мери и санкционира со „кантарот“ за криминалци, продавадачи на дрога, силеџии... Тие луѓе како ниту знаат, ниту пак се способни да применуват такви вештини како нивните „цимери“ во затворот.

Сугерирам, не само да се ослободат (споменатите), туку веднаш (без заблуди дека ќе избегаат во странство), да им се дадат дипломатски пасоши со кои без виза и малтретирање пред странските амбасади, слободно ќе можат да патуваат во секоја земја каде сметаат за потребно. Таква е праксата. А не да ги приведуваме во затвор, веројатно за тоа што е забрането да им се лепи фластер на устата. Ако тоа не се разбере, тогаш сосема друг белег и идентитет ќе има нашата демократија – ќе се вика пазарна демократија или пазарна слобода.

Тоа не е добро. Нашата држава е млада држава и треба да се движи по вистинскиот пат на историјата, а не кон минатото. Ваквиот режим државата ја води кон минатото.

Некој ќе постави прашање, а како било во минатото? Еве како.

За древната африканска држава Ојо (денешна Нигерија), авторот Е. Петросјан пишува - „племињата се обединувале за да се заштитат од напади на други племиња. Поглаварите на сите племиња се собирале и избирале главен владар (како денешен претседател на држава). Ако тој како главен поглавар не си ја вршел добро работата, се собирале и оделе кај  него да го посетат. Му се заблагодарувале за вложениот труд и му подарувале едно јајце од папагал. Дипломатски кажано му велеле или убиј се или ние ќе те убиеме“. Немало како денеска во светот демократија.

Поради лимитираниот простор за пишување ќе прескокнам неколку векови, периодот на Римската империја, Византиската... и ќе продолжам со уште еден пример од „поново време“, кога државите се создадени од монархиите (царот, императорот).

Еве каков бил односот во тоа поново минато кон протестите и протестантите? Многу интересно. Пред 255 години францускиот монарх Лудвиг 16 во Марсево Поле (близу Париз) стрелал 50-тина  демонстранти, кои барале реформи во државата. Француската научна мисла „процветала“. Почнале да се објавуват делата на Волтер, Жан-Жак-Русо, Шарл Руи Демонте Ские, Дени Дидро и други. Помладиот син на Лудвиг 16 го предупредил таткото дека власта треба да се реформира, да не постои повеќе само една категорија на граѓани кои работат само за кралот и „неговиот двор“. Демостранти изгелгле на мегдан. Придобиле голема поддршка од народот и нивните говори биле следени со бурни ракоплескања. Од ден на ден нивната „кампања“ се ширела.  Демонстрациите се ширеле и предизвикале вооружени нереди. Три-четири години потоа Лудвиг 16 се обидел да побегне, ама не успеал. Во 1790 година демонстрантите го симнале од власт, а во јануари 1793 година бил осуден на бесилка. Со таквата политика на сила против демонстрациите Лудвиг 16 ја предизвикал Големата француска буржоаска револуција, која долго време служела за пример на целиот свет. Служела, а и  сега треба да служи како  пример за нас Македонците.

И по Големата француска револуција кога „се слушнало“ за човекови права. Монархиите со „цврста рака“ ја гушеле науката и интелегенцијата. И тоа не само во нивните држави, туку и во колониите  со кои управувале и ги експлоатирале. Фондот на интелектуалци (кои не се индустриски производ) бил осиромаштен. Во 20-от век, и посебно по Втората светска војна, по распадот на империјализмот, многу  (48) држави тој период го обележале како век на националната афирмација. И покрај тоа што им бил подобрен животниот стандард, барале ослободување од колонизаторите. И тогаш се судриле со голем проблем -  недостаток на интелегенција која ја сочинуват специјалисти од сите политички, економски, културни и други дејности.

Ајде и за оваа појава да наведам еден еклатантен пример. Финска 100 години се борела за да стекне независност. И на крај тоа се случило во 1918 година кога Ленин ја признал независноста на Финска. До таа година Финска била под  управа на руските  императори – Александар први и Алрксандар втори. И како што е ред ги формирале институциите на државата (собрание, министерства, законодавна власт) и дошоло ред да изберат кандидат за кој едногласно би одлучиле да го прогласат за крал -  монарх. Меѓутоа, се судриле со проблем. Во државата не можеле да пронајдат личност, која би можела да го замени рускиот император Александар втори кој уживал голем авторитет (до денешен ден се одржуваат неговите споменици во многу градови во Финска). На крајот одлучиле за крал да го поканат и прогласат германскиот крал Фридман (Fridman Karlo Gesen – Kaselski кој после поразот на Германија во Првата светска војна, ја вратил кралската круна на државата). Тој владеел до крајот на својот живот. Хелсинки денес се гордее со неговиот голем споменик.

Ако продолжиме со досегашната казнена политика, за догледно време ќе немаме ниту солиден средношколец за министер за образование. Казнената политика треба да се преиспита.  

Трифун Карапетров

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Природната и суровата храна се заменува со фабрички подготвени оброци и со обработена храна.

повеќе

Гувернерот, кој и да е, не е ничиј должник. Ниту на предлагачот, ниту на тие што ќе го изгласаат.

повеќе

Родовото прашање е клучен двигател за резултатите на здравството.

повеќе