Колумна

Демонизацијата на Новак Ѓоковиќ

Австралискиот бес против невакцинираната тениска ѕвезда навистина излегува од контрола.

Фото: ЕПА

Не за прв пат во пандемијата, Австралија комплетно полуде. Откако пукаа со гумени куршуми во демонстранти, убиваа спасувачки кучиња и им наложуваа на луѓето да носат маски додека пијат надвор, во обид да го сузбијат ковид, фанатичните австралиски власти сега предизвикаа целосен дипломатски инцидент откако на границата го приведоа најголемиот машки тенисер во светот за кривично дело невакцинираност.

На Новак Ѓоковиќ вчера му беше одбиен влез во Австралија, пред Австралија опен што треба да се одржи кон крајот на овој месец. Целосната вакцинација против ковид е услов за влез во Австралија и за натпреварување на Опен. Ѓоковиќ, кој е невакциниран, од засега непознати причини доби медицинско изземање од надлежните органи. Но по збрката со неговата виза, нему му беше забрането да влезе и од имиграциониот хотел во квартот Карлтон во Мелбурн, каде што се соочува со закана од депортација, тој ја обжали таа одлука.

Нешто што можеше да биде издискутирано меѓу Ѓоковиќ и властите, се претвори во меѓународен скандал. Претседателот на Србија ја обвини Австралија дека ја „малтретира“ спортската ѕвезда од неговата нација. Во меѓувреме, таткото на Ѓоковиќ дава интервјуа од Србија, заканувајќи се со „излегување на улица“ доколку неговиот син не биде ослободен. Досега мала група Срби и антиваксери се собраа пред хотелот на Ѓоковиќ за да ја покажат својата поддршка.

Ѓоковиќ сега во основа е црниот ѓавол во Австралија. Телевизиите и радијата брмчат поради тоа што овој мултимилионер ги приспособува правилата, а поради претстојните избори, одлучи да се вклучи и австралискиот премиер Скот Морисон. Кога првпат се појавија вестите дека Ѓоковиќ е на пат за Австралија, Морисон ги крена рамениците и рече дека тоа е „прашање за владата на Викторија“. Само неколку часа подоцна, по сериозните последици, тој се закани дека ќе го качи Ѓоковиќ во „следниот авион за дома“ доколку овој не ја даде соодветната документација.

Другиот контекст за сето ова се честопати бруталните австралиски политики на карантин. Мелбурн, каде што се одржува Опен, беше затворен вкупно 256 дена во последните две години - што го прави најзатворениот град во светот. Во разни моменти за време на пандемијата, за Австралијците во странство беше сосема невозможно да се вратат дома поради неверојатно строгите гранични политики. Имаше дури и внатрешни ограничувања за патување низ целата нација.

Австралијците мораа да се справат со некои од најтешките мерки во демократскиот свет. Со оглед на тоа што некои држави (само формално) тераат со нулта ковид-политика, карантините беа секогаш присутна закана. А полицијата функционираше на честопати дистописки начин. Во Викторија во септември 2020 година една бремена жена беше уапсена во нејзиниот дом зашто на Фејсбук објавила за протест против блокадата.

Како и многу други земји, Австралија, исто така, врие од приказни за лицемерни карантини и двојни стандарди. Минатата година се појави бес поради една група познати личности што долетаа во земјата, а во некои случаи им беше дадена дозвола за карантин дома наместо во хотели, додека 40.000 австралиски граѓани сè уште беа блокирани во странство. Минатогодишниот Опен исто така предизвика гнев, затоа што во земјата беа пуштени елитни играчи и тренери во време кога многу австралиски граѓани сè уште не можеа да си долетаат дома.

Но за ништо од ова не е виновен Новак Ѓоковиќ. Се разбира, не треба да има едно правило за богатите спортисти, а друго правило за обичните Австралијци. Но можете едноставно да ги направите правилата поразумни и да завршите работа. Над 90 отсто од Австралијците на возраст од 16 и повеќе години се двојно вакцинирани. Сè додека Ѓоковиќ нема ковид, тој не е закана за никого. Зошто луѓето му се лутат нему, наместо на строгите и ненаучни правила под кои страдаат?

Ставовите на Ѓоковиќ за пандемијата и вакцините се добро познати. Уште во април 2020 година тој рече дека е „против вакцинација“ и „не би сакал некој да биде принуден да се вакцинира за да може да патува“. Тој се зарази со ковид во јуни истата година, откако одржа серија непромислени егзибиционистички настани на Балканот. Тој, исто така, има историја на чудни, донекаде алтернативни ставови за здравјето – меѓу кои и дека добрите вибрации можат да ја прочистуваат водата.

Нема ништо големо или паметно во тоа да се биде антиваксер. Но ние не ни треба од спортистите да чекаме медицински или морални совети. Радоста со која медиумите и политичките класи му се втурнаа на Ѓоковиќ во изминатите часови, не само во Австралија, туку и низ целиот свет, е поповрзана со личниот морализирачки транс на овие луѓе, а не со грижата за праведноста на правилата во Австралија, или со заканата за здравјето на Австралијците.

Ѓоковиќ штотуку стана згодна мета на потиснуваната хистерија што се чини дека неизбежно ја создадоа месеците поминати во карантин. И боксерска вреќа / застапник на проколнатите невакцинирани, кои се чини дека стануваат сѐ подемонизирани како што се намалува заканата од ковид. Австралиските власти треба да му дозволат да игра, а да ги остават сите други да продолжат со својот живот.

Автор: Том Слејтер

Извор: Спајкд

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе