Децениски спор: Постоењето на мојот народ

Со децении спорот за името на мојата држава (и за нашето постоење) предизвикуваше тензии меѓу Македонија и Грција и стана - и продолжува да биде - еден од најсериозните политички конфликти на Балканот.

Донекаде овој спор меѓу две соседни земји се води околу историјата (барем така се претставува во моментот). Но Грција јавно призна дека нејзиниот вистински мотив зошто го покрена овој таканаречен „спор за името“ е нејзиниот културолошки геноцид врз Македонците. Грција го користи спорот да го негира самото постоење на Македонците (моето семејство постојано слуша коментари дека „не постои Македонија“ - дури и тука во Канада). Ова траеше до 1988 година, кога Грција, шокантно, почна да тврди дека им припаѓа и името Македонија! Замислете, земја која со години се обидувала да го избрише вашето име и вашето постоење одеднаш почнува да тврди дека вашето име е „доказ“ дека вие не постоите.

За мене како Македонка, тоа што името и идентитетот на мојата земја воопшто се тема на разговор ми предизвикува мачнина. Грција нема право да ѝ кажува на друга земја како да се нарекува, и дека некој друг народ „не постои“. Никој нема право да ви каже кои сте и да ве тера да го смените своето име. Оттаму Грција и нејзината влада (заедно со нејзините „стратешки партнери“ - САД, НАТО и ЕУ) немаат право да ја принудуваат Македонија да си го смени името.

А не сакаат само името на земјата да го сменат. Тие го сменија и МОЕТО ИМЕ. Раптопулос не е вистинското име на моето семејство. Ние сме Рачковски. Откако Грција анектираше дел од нашата земја (македонската територија беше присилно поделена во 1912-13 година меѓу Србија (овој дел е денешната независна Република Македонија), Грција, Бугарија, и неколку години подоцна, Албанија), грчката Влада им ги смени имињата на сите жители, ги смени имињата на селата, топонимите и забрани користење на македонските имиња. Грчката влада исто така ги тераше децата да одат во грчки училишта, каде на многумина (вклучително и татко ми и чичко ми) не им беше дозволувано да зборуваат на македонски јазик. Тоа што татко ми е роден во 1960-ите години, а овој суров третман сѐ уште беше на сила би требало да шокира секого.

Македонците кои ќе се осмелеа да зборуваат на македонски јазик беа убивани, тепани, апсени или се соочуваа со други драстични казни како што е сечење на јазиците. Единствено место каде што Македонците од Егејска Македонија можеа да го зборуваат својот мајчин јазик беше во нивните домови, зад затворени врати, па дури и тоа го правеа во тајност. Ниту едно дете или возрасен не би требало да живее вака, поради односот на една држава. Никој не смее да ми каже дека сум „северномакедонка“. Јас сум Македонка.

Името кое што ни се наметнува, „Северна Македонија“, е крајно навредливо. Неговата цел е да се негира нашиот реален идентитет - Македонци од Македонија. А сепак Македонците често пати слушаат дека треба да се „прости и заборави“. Како може да се „прости и заборави“ една толку трауматична историја? Тоа не е возможно бидејќи овој однос сѐ уште е на сила. Македонците, вклучително и моите баби и дедовци, сѐ уште ги прогонуваат овие кошмарни спомени. Се пеат многу македонски песна за овие трогателни, вистински настани, а приказните кои ги раскажува моето семејство го кинат срцето. Се чувствувам благословена што моето семејство ме научи што значи да се биде Македонец, кои се нашите традиции и од каде.

Џенифер Раптопулос (Рачковска),

Македонското меѓународно движење за човекови права

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе