Данок на воздух

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

На светско ниво,  кон крајот на осумдесетите години од 20-от век, почна подготовката на човештвото да му се наметне и тој последен данок, данок на воздух.

Знаејќи дека доколку овој данок го носи името „данок на воздух“,  би предизвикал светска револуција, креаторите одлучија да го крстат „Данок на јаглероден диоксид“. За таа цел прво се зочна со кампањата глобално затоплување која заглави некаде пред десетина години, за да се преименува во климатски промени и како таква се води и денес.

За да нема недоразбирање, човештвото е соочено со неразумно уништување на природата на секој квадратен метар од земјината топка. Почнувајќи од неразумното сечење на шумите низ целиот свет, експолатацијата и користењето на нафтата, експлоатацијата и користењето на јагленот, хемиската индустрија, рударството во сите негови форми и не завршувајќи со создавањето и управувањето со отпадот.

Без исклучок најголеми загадувачи се најмоќните држави во светот и тоа со исклучива цел зголемување на профитите на мултинационалните корпорации и личното богатство на нивните газди и менаџери. Тие богатства се мерат со стотици милиони или милјарди долари кои немаат никаква логика, освен робување на најголемото зло на човекот, АЛЧНОСТА. Поради таа алчност, со децении сме сведоци на безразборно уништување на човековата околина и природата во целина. Но алчноста нема крај и затоа сега сите граѓани на земјината топка ќе плаќаат уште еден данок. Данок на воздух (данок на јаглероден диоксид). ММФ предлага тој данок да биде на ниво од 62 долара за еден тон емисија на јаглероден диоксид.

Македонија има занемарливо учество во емисијата на јаглероден диоксид на светско ниво, но сепак деновиве владините претставници го поставуваат прашањето „дали и во Макеоднија треба да се воведе данок на јаглероден диоксид?“ и сами одговараат јасно и гласно „ДА“. Следува логично прашање - зошто? Одговорот лежи во изјавата на ММФ дека „со воведување на глобален данок на јаглероден диоксид ќе се намали емисијата на овој гас во атмосферата и ќе се обезбедат потребните приходи за враќање на обновливите извори на енергија“.

Кажано со народен јазик, парите кои ќе ги собираат од овој данок ќе одат за субвенционирање на компаниите кои градат и ќе градат инсталации за користење на обновливи извори на енергија (хидроцентрали, фотоволтаични паркови, ветерници за струја...). Ако знаете кој ги гради и кој може да ги гради овие инсталации, сѐ станува јасно. Народот ќе ги финансира повторно богатите да бидат уште побогати.

Затоа драги мои сограѓани ниту криви, ниту должни очекувајте уште едно зафаќање од вашите домашни буџети, кои и овака не се доволни за гола егзистенција на 60% од граѓаните на Македонија.

ПС:  Граѓаните мора да се спротистват на овој „турбофолк“ данок. Граѓаните мора да се здружат и на бизнис политичката коалиција да ѝ испратат јасна порака: Наместо да собирате нов „данок на водух“ од народот, тие пари да си ги платат тие што ја уништуваат човековата околина и тоа од веќе направените профити од тоа уништување. Веднаш да го спречат сечењето на шумите и да се спроведе масовно пошумување на уништените шуми. Да го субвенционираат секој граѓанин за монтирање на фотоволтаици, мали ветерници за струја, сончеви колектори за топла вода. А они да престанат со безразборно трошење на енергија во нивните мега куќи, мега возила, мега домашни потреби. Граѓаните немаат намера повеќе да плаќаат за нивната алчност и да бидат неми набљудувачи на уништувањето на прекрасната мајка ЗЕМЈА. 

Ангел Наков

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе