Даночна реформа за играчите на среќа, а не за богатите

А кои се играчите на игрите на среќа? Во огромен број тоа се токму оние лица со просечни примања и пензионери

Со воведувањето на т.н. „праведен“ данок, повисоки даноци ќе плаќаат и претприемачите, оние кои издаваат имот и на крај и играчите на игри на среќа, а тоа е речиси половина од населението.

Во Македонија се покажало дека колку што се зголемуваат даноците, толку се намалуваат приходите од даноци. Најголеми приходи од данок Владата имала кога е воведен рамниот данок, односно кога даноците од 18% и 25% се намалени на само 10%, а вкупните приходи растеа. Е сега понатаму што се случувало со расходите, тоа е друга приказна.

Според Владата, со новиот персонален данок од 18% главно се таргетираат само околу 4.500 лица со високи примања над 90.000 месечно и од целокупната реформа треба да ќари само 25 милиони евра, сума која според некои експерти нема ни да ги покрие трошоците за негово имплементирање.

Главна цел според предлагачите на овој данок е да се изгради поправедно општество!?  Но тогаш се поставува прашањето за данокот од 15% кој се наметнува на дивидентите, кириите, па дури и на игрите на среќа?

Всушност, главна фискална цел за прибирање на посериозни приходи од овој данок се приходите од капитал и приходите од дивидентите. Да кажеме дека нив ги земаат сите оние кои имаат некакви вложувања на капитал. Според податоците за добивките реализирани во 2017 година на Македонската берза, имајќи предвид дека најмногу половина од добивката се исплаќа на акционерите, зголемениот данок ќе донесе не повеќе од дополнителни 4,5 милиони евра за државата. Но, тука спаѓаат сите, па и најмали дуќанчиња, пекари, сервиси... Овие лица речиси сите повеќе се потпираат на заработките, отколку на личните доходи кои секогаш им се ниски. Со оваа стапка се удираат и се дестимулираат сите претприемачи подеднакво и резултатот ќе биде или поголема евазија или помала економска активност.

Исто така и кај пазарот на кириите кој е во постојано опаѓање, најавената даночна реформа само ќе се поттикне даночната евазија.

На крај најголем дел ќе платат играчите на игрите на среќа, кои изгледа се најголемиот таргет на оваа даночна реформа. Нивните годишни исплати лани изнесувале 156 милиони евра. Со зголемувањето на персоналниот данок на 15 отсто годишно од играчите на игрите на среќа, Владата ќе собере цели 8 милиони евра, двојно повеќе од целата Македонска берза која го претставува цветот на нашата економија. А кои се играчите на игрите на среќа? Во огромен број тоа се токму оние лица со просечни примања и пензионери за кои ова е еден од најраширените и најдостапни начини за забава. И тоа ќе плаќаат кога ќе им се посреќи да добијат, а кога губат се разбира никој не ги прашува или кој ги врти, тоа е нивен проблем.

Навистина праведно.

Сега останува да видиме како ќе изреагираат оние кои треба да ги плаќаат овие даноци затоа што кога еднаш ќе се измести даночната, а пред се психолошката рамнотежа, сигурно ќе настанат промени во однесувањето на економските субјекти. Да видиме дали младите софтверџии кои работат речиси 90% за странските пазари, ќе почнат да отвораат сметки во соседни држави каде данокот е само 8%, па ќе престанат да плаќаат и социјално и здравствено кај нас. Да видиме дали кај компаниите, пред сѐ помалите ДООЕЛ-и и ДОО, одеднаш ќе се намали профитабилноста и ќе скокнат трошоците кои се оданочуваат со 10%, а кај игрите на среќа дали прометот полека ќе се преместува на онлајн фирми регистрирани, на пример во Белизе каде се плаќа 0% данок.

Времето ќе покаже, само после тешко се враќа изгубеното.

Петар Цветанов, пасиониран играч по спортски обложувалници

 

 

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе