Колумна на Ведрана Рудан

Да живее Џо Бајден!

Ви се допаѓа насловов? Поради него текстов барем пет минути ќе ми остане на Фејсбук.

Фото: ЕПА

Јас сум обична жена, како милиони Европејци што ни криви ни должни се вовлечени во оваа војна.

Несреќниците што не можат да платат за бегство ги губат животите, остануваат без рака и нога, од двете страни, затоа што Америка одлучила дека Европа мора да стане Ирак или Либија или Сирија... Европа. Американска слугинка од 1945 година.

Ангела Меркел, во мир нека ѝ почива политичката душа, се потруди колку-толку да ја држи под контрола оваа перверзна врска. Денес, нејзините наследници, баш никој не им ги знае имињата, ѝ замеруваат дека се потпирала на евтиниот руски гас, наместо... Наместо како нив, до крај да ѝ ги рашири нозете на Америка и потоа тоа силување уште со злато да го плати.

Има ли логика Европа да гине поради руско-американската војна? Зошто ние испраќаме оружје? Зошто ги слушаме говорите на Зеленски и ги гледаме настапите на неговата сопруга? На што спаднавме, ние Европејците? Кој е Зеленски? Американскиот шупак, ова нема да ми го прости, се осмелува да ни се заканува на мене и на моето семејство. На мене и на сите мои европски пријатели. Во целата приказна се вклучи и куросвирачевата сопруга. До кога ќе нѐ понижуваат Америте и продадените медиуми?

Америте деновиве цинично ни порачуваат дека мора повеќе да вложуваме во вооружување бидејќи тие нема да можат уште долго да ни „помагаат“ во војната. Преведено, не купувате доволно оружје од нас. Зошто ние граѓаните на Европа не им порачаме на нашите лидери дека не ни е до војна. Сакаме да живееме. Во мир. Претпоставувам дека на нашите корумпирани лидери им е тешко да ги одбијат Америте. Можеме ли ние малите да направиме нешто за мирот? Да излеземе на улиците на сите европски градови и да ги испратиме у к*рац и нашите лидери и нивните американски ментори? Кои кукавици со испран мозок сме ние. Наместо да го кренеме гласот за мир, ние купуваме јод. Јодот ќе нѐ спаси од Путин? Што ќе нѐ спаси од Америте е клучното прашање за нашиот опстанок.

Секој што пишува како мене, никој не пишува како мене, мора да нагласи дека го осудува Путин. Се разбира дека го осудувам, но во исто време се прашувам зошто од Путин се очекува да го направи она што никогаш во поновата и постарата историја не се очекувало од Америте?

Веќе со децении ни е нормално Америте да фрлат око на некоја држава, да ја прогласат за „недемократска“, да ја срамнат со земја, да ја опљачкаат и да ја напуштат. Дали светските „демократски“ медиуми тоа некогаш го нарекле воено злосторство? Барале да се линчуваат клинтони?

Трамп е единствениот американски претседател што беше распнат на крст од светските „демократски“ медиуми. Ги извлекоа имињата на сите курви што некогаш ги поебал, објавија дека богатството го стекнал со крадење, како овие другиве па да го стекнале со чесна работа. Не му ја признаа огромната заслуга, не поведе ниту една војна. Отидоа дотаму што на неговата сопруга не ѝ дадоа шанса да се појави на насловната на американски Вог. Првата дама на Украина доби неколку страници за да може да ни каже што мисли. Таа мисли? Со што? Зошто граѓаните на Европа треба да ги интересира што „мисли“ „првата дама“ кога знаеме дека во историјата имало многу малку „први дами“ што размислувале за што било друго освен за фустани.

Оваа војна укина една вековна традиција. Една „дама“ што нема што да каже ѝ држи лекции на европската сиромаштија и „мисли“. Знам дека е неважно што мислам јас, но ќе напишам. Лудо е поради оваа војна што Западот ја води против Русија, заеби Украина, на внук ми и на неговиот чешки, германски и италијански колега да им порачуваат дека во школо, кога ќе залади, мора да си носат ќебиња.

Сите гледаме како дивеат цените „поради војната“ и тоа мора да ни биде нормално затоа што „демократијата“ нема цена. Демократија? Што во оваа приказна треба да биде демократија? Украина некогаш беше дел од Русија, не беше „демократска“. По војната требаше да биде во шепите на Америка. Дали ќе стане „демократска“?

На светот му се обрати и Џо Бајден. Бајден??????? Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух?! Бајден му се обрати на светот?????

Една моја пријателка кај еден риечки нотар сакаше да завери полномошно што ќе ѝ овозможи да ја зема татковата пензија во износ од 1.400 куни (185 евра, н.з.) затоа што „тато во последно време не се чувствува добро“. Господинот има осумдесет години.

Тато не се „чувствувал добро“ ниту кај нотарот. Нотарот го прашал како се вика, овој му одговорил дека се брза бидејќи мама го чека во чекалната. Од нотарот побарал дупло макијато без кофеин за носење. На другарка ми ѝ рекле дека нема шанси да ѝ го заверат полномошното.

А, пазете, Бајден „порачува“. Нешто „сериозно“, потенцираат светските медиуми. Човекот што нема поим дали доаѓа или си оди.

Мора ли Европа поради Америка да стане спржена земја? Дали заслуживме Бајден да ни стане гробар?

Ведрана Рудан

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе

Провокација е именувањето на бугарските клубови „Борис III“ и „Ванчо Михајлов“. Не можеа ли да бидат со имињата Елин Пелин, Димчо Дебељанов, Черноризец Храбар или Иван Вазов?

повеќе

Слоганот на македонското претседателство со ОБСЕ е “It’s About People” и затоа ќе е доблесно МНР да побара помош и поддршка за да си ги заштити националните интереси, интегритетот, суверенитетот, јазикот и идентитетот.

повеќе