Да се зачува и одбрани идентитетот на еден народ

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

Лерин

Во 1992 година славистот Танас Вражиновски, роден 1941 година во село Смрдеш, Егејска Македонија ја издаде својата книга „Македонското иселеништво во Канада“. Книгата e еден вид историја на македонската миграција во Канада како, разговори, интервјуа на авторот со Македонци во Торонто помеѓу 1986 – 1989 година.

Иако книгата е издадена пред речиси 30 години, таа е многу актуелна со оглед на скорешните случувања во Република Македонија како и постојаните напади на нацијата и борбата за зачувувањето на идентитетот на еден народ.  

Разговорите запишани од Вражиновски се главно со луѓе од Леринско и Костурско кои се најмногубројни меѓу Македонците во Торонто.

Изборот што го приложувам е доследен на оргиналот со мали стилски преоди за потечно читање на текстот.

„Во нашето друштво, од селото Буф, Леринцко нема никакви поделби. Нема никаква друга ориентација, освен македонцка. Има друштва што се делени, многу села има: баничани, арменци се делени, Неволени се делени, многу села има. А оние што се на грчко се на една страна: Ратово, Кабасница, Опсирија. Тие три села се од Леринцко, на една, на грчко, а другите сите се поделени на две, дури некои на три. Само Буф и Трсје под едно.

 Аџијата Перо од село Баница дојде тука во 1890 и нешто година. Тој беше човек, шо на секој наш емигрант шо идеше тука во Канада, не е важно дали беше баничанец, или од Егејцко, само да беше Македонец, он му бараше работа и ги подржуваше свичките тија. Тој ја оформи организацијата Баница во 1911 година на 26 јуни. За една године ќе прајме 80 години. Мислам дека ќе прајме и сто години. Да му докажиме на свичкио народ, оти сме баничани, оти сме Македонци.

Гркоманите оти ка видоа шо има македонцко дружество и шо сме заедно, се зафатие и формираа друго - за политика, за пропаганда. Тие да не скршат нас. Ама тие не можат да го сторат тоа. Едни верват во гркоманцкото, други верве во нашето. Наш човек Македонец не бега од нас и да ој таму. И тие се Македонци, ама гркомани.

 Дружеството „Отец Герасим“, Трсје, го зве името, оти во старите години, во турско ропство, имавме ние еден калуѓер шо се кажваше Герасим. Тој го направил сколјето во Трсје во 1862 година. Во него се учеше на македонцко и на грчко. Таква беше политиката тогај. Во 1864 година тој напрај црква Св. Никола. Свичко таму беше написано на славјанцко. Коа дојде време грцката политика го избриса тоа што беше написано на славјанцко. Но нашето село Трсје сега е за плачење. Државата Грција не остави наш народ таму.

Нашите стари дедови доjдоа тука горе - долу, барем така се смета од 1900 година. Во тоа време ко се пушчи да греде нашите Македонци тука като печалбари во овој крај, во Канада, тие пред да дојде тука не знаеја нишчо. Писмо на тие времиња немаше во нашите стари краеви. Беше Турција тогаја, сколиња немаше за нас. И затоа дојдоа тие луѓе тука без писмо, без никаква занаат, без језик, без пари.

По втората световна војна се собрае многу наши тука, многу наши фамилии. Младите шо гредеа оттаму, од стари крај не беа како тие шо дојдоа напре во 1900-година. Тие дојдоа оттаму поразлични, познаени, поучени, со поголема експирита. И така дојде едно време, тука нашата македонска емиграција во Торонто стана голема и силна. Многу наши македонцки деца студирае тука, дипломирае, излегоа со висока наука.

Пред Втората световна војна нашите Македонци тука изградие две цркви во Торонто за Македонците, ама за жалост по втората световна војна се покажа нашите луѓе со целите тешкотии и тешката живот тука во Канада, црквите шо ги изградија не беа за нас Македонците и за нашата нација. И затоа на тој пример, по втората световна војна почнаме да се грижиме и да најме средства за да му кажиме ние на нашите први Македонци печалбари исто и на тукашните власти дека и ние сме луѓе со нација, со историја на нашата нација и со наша држава. Тешка работа изработаме, ама успеаме да соградиме црква, македонцката црква Свети Климент. Покажаме дека таа црква е наша. Не е ниту на Богари, ниту на Срби, ниту на Грци, на никој. Таа е наша за нас и за нашата татковина Македонија, слободна Македонија.

Тука и славиме целите македонцки празници. Првио начин го славиме именден. Ја служиме нашата Нова Година, по старо шо си ја викаме. По Новата година греде водици, си и служиме македонцките наши водици, по исто македонцки начин. Башка од тие имендени и црковни празници служиме и национални празници. Еден од тија, можа да реча, еден од најголемите, кој многу го служиме и го честиме тоа е дено на Илинденцкото востание. Имаме празници, денови на нашио сонародник Гоче Делчев, голем празник.

Тие што дојдоа тука добри като Македонци, сакае да се име нешто македонцко. Тоа првото нешто во тие времиња беше црква. Се собраа тука многу наши Македонци, особено од Егејцка Македонија и изградие црква тука. Изградие црква со надежба дека граде македонцка црква. Ама по закони когато тогаја не постоеше Македонија, не можеа да ја име, да ја каже македонцка црква. И така по истото време, Богарите му се вртеа свекој пат околу нашите печалбари. И ја кладоа црквата богаро–македонска црква. И сетне 1947 - 48 година, макар шо беше богаро-македонска на Богарите многу му пречеше и тие почнае да пушче попои, особено агенти богарцки. И дојде во таа црква еден поп, поп Михајлов, поп кој беше еден од најопасните лица против македонизмо. А црквите беа изградени со македонцка пот, со македонски арџови, со сичко македонцко.

Се собраме една група луѓе и почнавме да мислиме како можиме да имаме нешчо македонско, чисто македонцко. Напрајме организација и името најдоме за најдобро да о клајме ЈУНАЈТЕД МАСЕДОНИАНС. Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

Ошче порано му о кладоме амблемо на ЈУНАЈТЕД МАСЕДОНИАНС – на трите страни Македонија: Вардарцка, Пиринцка и Егејцка, за да бите тука соединение. Во стари крај е друго, на пример, да речиме, Богарите не му даве за да биде близу со нашите слободни Македонци од Вардарска Македонија, па Грците ошче повеќе, ама тука рекоме: тука е слобода, нема никој  да се пази од никого, нема никој да сe трга од никого, ќе градиме македонцки дом.

Тоа време имаше  големо неразбирање меѓу црквите. Имаше две богаро-македонцки цркви: Свети Ѓорѓи и Свети Кирил и Методи. Таму функционираше нашио народ, таму идеше нашио народ и не инсалтираа (навредуваа) на многу пати со „Ние Болгарите, ние браќа Болгари, браќа Болгари“. Идеше тука од Нев Јорк владиката богарцки и му велеме: „Дедо владика, туа овие цркви не се богарцки, многу малу Богари има, се македонцки цркви“. А пак истовремено тој пак си свртваше на нивното. Демек не чувствуваа како Богари. Истовремено тука беше и организација МПО, шо се кажваше, туа на Ванчо Михајлов. Демек ние Богари од Македонија. А нашио народ си држеше свој идентитејшен, свест македонцка. “

Јован Христовски

 

 

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе