Бундестагот и „зеленото светло“ за доделување датум за преговори со ЕУ

Го разбирам „триумфализмот“ и радоста од добра вест, но никако не се согласувам со „димензијата“ на објавената вест сврзано со „зеленото светло“ од Германија.

Со месеци нашите електронски медиуми секој ден известуваа за, сѐ уште, недавањето зелено светло од страна на Германија/Бундестагот за доделување датум за преговори на РСМ со ЕУ. Секако, имаше и изјави од политичари во врска со тоа.

И конечно, се одржа таа толку очекувана и важна (пред сѐ за нас) седница на Бундестагот. Поради толкавиот, оправдан, интерес во нашата јавност, очекував барем нашите електронски медиуми/портали да влезат на веб-страницата на Бундестагот и да констатираат (покрај текстуалниот дел на предлогот на ЦДУ/ЦСУ/ СПД), дека ќе се врши директен пренос од седницата (преку интернет).

Со внимание ги сослушав сите претставници на парламентарните фракции во Бундестагот. Имаше интересни настапи и констатации. Од самите настапи веќе ми беше јасно, на мое задоволство, каков ќе биде резултатот од гласањето (и за Албанија). Но бидејќи „ништо не е готово додека не е готово“, со големо внимание го очекував и објавувањето на резултатите.

За РСМ, спикерот објави дека гласале 603 пратеници, дека „за“ гласале 465, „против“ гласале 122 и имало 16 воздржани (подоцна тоа беше и официјално објавено на веб страницата на Бундестагот (roll-call vote on the request 19/13508 Total: 603 Yes: 465 No: 122 Abstentions: 16 application 19/13508 accepted).

После објавувањето на резултатите, на една наша национална ТВ беше објавено дека „476 гласови „за“, 122 „против“ и 16 воздржани. И“стите тие „резултати“ веднаш беа пренесени (неточно) на речиси сите наши портали, па и на агенцијата МИА.

Денеска погледнав во твитовите на нашите политичари. За мене неразбирливо дека во твитот на потпретседателот на Владата, г-динот Бујар Османи, кој инаку беше присутен на седницата и гласањето, исто така фигурираше бројката „за“ од 476.

Во изминатите недели една од „актуелните теми“ во нашата јавност и опшествениот живот се „лажните вести“. Сакам, и верувам, дека ова не е лажна вест. Ако е така, тогаш втора помисла ми е дека и кон вака сериозни и важни работи (без оглед што се работи за бројка) не се откажуваме од „леснотијата“ и невнимателноста. Па, конечно, тоа го чита и Амбасадата на Германија во Скопје.

Го разбирам „триумфализмот“ и радоста од добра вест (која верувам ќе има влијание и на други ЕУ држави кои „сѐ уште не одлучиле“), но никако не се согласувам со „димензијата“ на објавената вест сврзано со „зеленото светло“ од Германија.

Имено, сметам, дека на јавноста и на државните институции (преку медиумите) треба да им се пренесат и задачите (м.з. свесно не користам израз „услови“) кои произлегуваат од „зеленото светло“ на Германија. Требаше, во најмала рака, да се пренесат и (интересните и корисни) настапи на претставниците на парламентарните фракции во однос на состојбите во нашата држава.  Барем во името на транспарентноста и објективноста. Тие се таму, дали ние ги објавиле или не, остануваат многу релевантни и со истите власта и опшеството ќе мора да се справуваат.

Со други зброви, не се (веќе) важни колку (вистински) гласале „за“ (па, и нека грешката била ненамерна), туку што е тоа што нѐ очекува во иднина (со верба дека и неколку други ЕУ членки кои се сѐ уште неодлучни, позитивно ќе се произнесат на 15-17 октомври).

Александар Тавчиовски  

Амбасадор (в.с.)

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе