Бугарско-албански договор за македонското малцинство во Албанија

Што прават бугарските мисонери по македонските села во Албанија.

Изјавата на Васил Стерјовски, единствениот Македонец пратеник во албанскиот Парламент дадена за албанската ТВ станица Сот 7, само ја потврдува упорната политика на Бугарија во однос на негирањето на постоењето на македонскиот народ. За тоа што се случува деновиве на релацијата Македонија-Албанија и блокадата на евроинтеграцијата на овие две земји од страна на Бугарија, минатата недела зборуваше и албанскиот премиер Еди Рама.

Овие две изјави индиректно ги потврдуваат неофицијалните информации од високи дипломатски кругови во Брисел за некаков „антимакедонски“ договор меѓу Албанија и Бугарија, се разбира на сметка на Македонија.

Да почнеме од почеток.

Стерјовски изјави дека е загрижен за бугарската пропаганда и напорите на Бугарија да ја асимилира македонската заедница во Албанија. Ова не е нешто  ново. Обидите на Бугарија да дели бугарски пасоши на Македонците од македонските села од пограничниот дел на Албанија со Македонија се присутни со години. Во областа Голо Брдо бугарски мисионери се присутни и по основните училишта каде делат книги на бугарски јазик, организираат некакви празнувања со Македонците убедувајќи ги за нивната заблуда дека се Македонци. Во тоа убедување најсилниот аргумент им е бугарскиот пасош како документ од земја членка на ЕУ и со делење стипендии на основците и средношколците за продолжување на нивното образование во „мајка Бугарија“. Тоа не е нешто ново, но според Стерјовски очигледно е дека и не запира. Напротив.

Минатата недела и албанскиот претседател Еди Рама во интервју за „Франс 24“ изрази разочарување од бугарската блокада на Македонија за продолжување на преговорите со ЕУ, а со тоа, во пакет, и на Албанија. Рама изјави дека неговата земја ги исполнила сите услови за интеграција во Европската Унија, но дека таа станала колатерална штета поради ветото што Бугарија ѝ го стави на Македонија.

„Ние сме во многу апсурдна ситуација, бидејќи Албанија во моментов е колатерална штета на конфликтната ситуација меѓу Бугарија и Северна Македонија, иако добивме зелено светло не само од Европската комисија, туку и од Европскиот совет“, рече Рама.

„Бугарија од џеб извади барања од историски и идентитетски карактер кон Северна Македонија и тој процес останува блокиран, бидејќи како што знаете, Европскиот совет лесно се блокира со ветото на една негова членка“, објасни Рама.

Рама истакна дека ниту Франција, ниту Германија немаат сила да влијаат врз Бугарија денес, што е прилично комплицирана позиција да се објасни, „но што го прави процесот уште покомплициран, бидејќи покренува прашање меѓу нас и ЕУ што е јасно билатерално меѓу Бугарија и Северна Македонија“.

За да остане само билатерално, според високи дипломатски извори од Брисел, на маса се подготвува една нова стратегија – Бугарија да даде отворена поддршка на евроинтегративните процеси само на Албанија, а цената на тоа да биде целосна промена на политиката на Албанија во однос на македонското малцинство и признавање на постоење на бугарско малцинство на територијата на Албанија.

Обидите за асимилација на Бугарија на македонското малцинство во Албанија продолжуваат без никакви рестриктивни мерки од страна на албанските власти. Таа борба е оставена само на македонските здруженија и на партијата на Македонците во Албанија. Агресивноста и финансиската моќ со која настапуваат бугарските мисионери во овие краишта воопшто не е за занемарување. Молкот на македонската држава на ваквата отворена асимилаторска политика на Бугарија е тоа што изненадува. Ама ако се земат предвид политиките преземени од страна на Македонија со потписот ставен на Преспанскиот договор и на Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија, ова што се случува во Албанија и не изненадува. Македонија со тие потписи едноставно се обврза да молчи, што и да се случува, во однос на почитувањето на основните човекови права на Македонците во Бугарија и Грција.

Во Албанија со закон е признато постоењето на македонското малцинство. Тоа е она што најмногу ја боли Бугарија, а веројатно и Грција. Па затоа на маса е тајната дипломатија и можниот поинаков развој на балканските асимилаторски амбиции.

Александар Стојановски, Брисел   

 

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Ние Македонците од село Гореме, општина Струмјани, го поздравуваме народот покрај Вардар (барем реката сѐ уште е таму) и се „восхитуваме" на дејствувањата на мудрите мажи на државата.

 

повеќе

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе