Бугарија и базите на НАТО

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

По влезот во НАТО и долгогодишното искуство на Бугарија со распоредувањето на американските воени сили на територијата на земјата, се покажа дека овие воени бази не придонесоа многу за локалната економија и придобивките на локалното население.

Напротив, тоа предизвика развој на дополнителни услови за корупција и нa повисоките ешалони во власта на Бугарија, а се пресметуваат дури и штетите по економијата.

Невладини организации и бугарски експерти, по долгодишното користење на базата во Ново Село од страна на американските војници, заклучиле дека државата нема никаков бенефит во однос на некакво унапредување на бугарската армија во текот на заедничките вежби на овој полигон. Освен тоа, страда и животната средина, а во близина е и националниот парк Сините камени. Жителите на Сливенската област се жалат на предизвиканите штети на животната средина од спроведувањето на бројните вежби со воена муниција.

Локалните невладини организациии, особено НВО Преродба (Возраждане) веќе подолго време предупредуваат на користењето на оваа база од страна на американските воени сили и отворено барааат од премиерот Бојко Борисов одговори на многу прашања за целите од бесплатното користење на Пентагон на оваа територија.

Според информациите од добро информирани соработници на Министерството за екологија на Бугарија, неколку невладини организации и официјално ги поставиле овие прашања и барааат објаснување од бугарската Влада. Борисов бега од одговори што отвора бројни прашања за суштината на неговите зделки со Американците.

Оваа ситуација може да биде многу слична и со Македонија. Воените сили на САД веќе го користат полигонот Криволак сѐ уште без каков било договор за наем. Тешко може да се претпостави дека македонската Влада ќе го постави ова прашање за закуп на целиот полигон Криволак од своите сојузници во НАТО. Ова значи дека е малку веројатно дека и Македонија, како и Бугарија, ќе може да пресмета некаков бенефит од користењето на полигонот од страна на Пентагон. Нема сомневање дека како резултат од користењето на овој полигон за испитување на артилериско и противвоздушно оружје ќе има сериозни штети на околината, а како последица на тоа и на земјоделието и земјоделците од околните села на Криволак.

Александар Стојановски, Брисел

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе