Апатијата се зголемува, Преспанскиот договор веќе не важи, условот ЕУ не е исполнет

Во Брисел веќе почнува да се дефинираат новите услови кои овој регион, Западен Балкан, ќе го држат доволно блиску до ЕУ, но и доволно далеку од правото да решава во ЕУ.

Последните анкети покажуваат дека трендот на разочареноста на македонските граѓани од политиката на оваа власт станува сѐ поголем. Резултатите покажуваат дека дури 70 отсто од анкетираните граѓани велат дека се незадоволни од економската политика на Владата, од резултатите, од спорведувањето на ветените проекти..., а тоа го зголемува и процентот на политичката апатија меѓу граѓаните. И тука, на прашањето за која партија би гласале на наредните парламентарни избори, процентот е исто така невообичаено висок во споредба со трендовите од поранешните истражувања на јавното мислење.

Овие резултати се добиени пред толку очекуваниот датум за почеток на преговорите на Македонија за членство во ЕУ. И тука актуелната власт доживеа пораз. Ветото на Франција за добивање датум за преговори за Македонија и Албанија нѐ врати во реалноста. Би било интересно да се види каква е денес ситуацијата со расположението на граѓаните.

Ветувањето на премиерот Зоран Заев дека ова ќе биде година на економијата пропадна. Пропадна и Преспанскиот договор. Промената на името не нѐ одведе пред портите на ЕУ. Напротив. Овде во Брисел веќе почнува да дефинираат новите услови, нови методологии, нови зони кои овој регион, Западен Балкан, ќе го држат доволно блиску до ЕУ, но и доволно далеку од правото да решава во ЕУ.

И овие порази не беа доволни за премиерот Зоран Заев веднаш да поднесе оставка, да се повлече и отворено пред граѓаните на Македонија да го признае поразот, отворено да каже дека бил излажан од Брисел со формулата - сменетe го името, влегувате во ЕУ.

Преспанскиот договор веќе не важи. Еден од условите за промена на името на ланскиот референдум не е исполнет. Кој ќе го покрене ова прашање?

Заев очигледно тоа нема да го стори. Време му е да се повлече. Треба да го признае поразот и во водењето на економската политика, како што тоа деновиве го направи со одложувањето на прогресивниот данок, а се обидува тоа да го прикаже како доблест на власта да признае дека греши. На грешките многумина од опозицијата, а и од неговата партија му укажуваа уште пред да почне да ја применува оваа даночна реформа, но Заев и неговиот тим се обидуваа прогресивниот данок да го прикажат како нешто позитивно за македонските даночни обврзници.

Заев требаше веднаш да се повлече, а не да организира лидерска средба на која падна договорот за предвремени парламентарни избори на 12 април. Белким не смета дека во овој период ќе може да го врати посакуваниот рејтинг и дека ќе продолжи да владее со Македонија.

Власта очигледно не ги слуша потребите на граѓаните кои се сѐ понезадоволни од криминалот и корупцијата во кои се замешани и највисоките претставници на власта. Обидот сите овие афери да се заташкаат, да се заборават, да се пролонгира судската разврска, само го докажуваат она што е веќе генерален заклучок во однос на промените во власта - Курто го заменува Мурто и обратно.

Оваа апатија станува сѐ помасовна. Бројот на граѓаните кои излегуваат на гласање се намалува. Желбата дека некој нешто навистина ќе се промени во ваквото, веќе традиционално криминално-коруптивно владеење, станува сѐ помлака.

Кој тоа до 12 април ќе го промени?

Александар Стојановски, Брисел       

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Социјалниот маркетинг веднаш би можел ефективно да придонесе во напорите против нееколошкото однесување во нашата земја.

повеќе

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе