„Античкиот Македонец“ дезертираше зад Карпатите

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

Неверојатно, но сепак вистинито, големиот „патриот“, „борецот“ кој велеше дека е подготвен на сѐ за Македонија, на коњ или магаре, некаде пеш можеби, како што тоа го прават шверцерите, ја напушти „толку саканата“ татковина. За него не била важна бодликавата жица долж границата со Србија, која другар му Орбан ја постави како блокада за мигрантите.

И додека судските курири неколку дена го носеа пликото со упатниот акт за одлежување на затворската казна, онака, ноншалантно, како да бараат осуденик за некој мал прекршок, Никола, после удобното сместување, одморен од патот, ете го на Фејбук. „Јас сум во Будимпешта. Барам политички азил“.

Некои со подзината уста, некои со ококорени очи, граѓаните на оваа земја, жедни за правда, не поверуваа на статусот. Почнаа со секакви коментари. Отидоа толку далеку, та му се нафрлија на МВР. Простете, но ова е демократски систем, каде извршната власт не смее и не се меша во судската. Да му се суди од слобода на најголемиот криминалец на сите времиња, навистина беше смешно. Да му се судеше од притвор, сега ќе немаше да се фокусираме на ова што нѐ снајде.

Зошто токму Орбан му помогна во бегството? За него знаеме дека трет мандат е премиер на земја членка на ЕУ. Неговите приврзаници го карактеризираат како борец за зачувување на националниот идентитет и економската независност, но опонентите го опишуваат како иредентист, популист, путинист, та дури и диктатор. Последниве епитети коинцидираат со личноста на нашиот бегалец. Можеби тоа е предуслов што премиер на една земја каква што е Унгарија падна толку ниско во очите на демократскиот свет, згрижувајки ваков тип на дезертер.

Сепак, да погледнеме од светла страна од причина што како граѓани на ова парче Балкан важиме за добродушни луге. Знаејки дека во Унгарија се Карпатите, а Јужните Словени токму од таму потекнуваат, можеби Никола се откажал од искривување на историските факти, конечно сфатил дека немаме врска со Антиката и заминал да се увери од каде навистина потекнува.

Останува само да почекаме да разгледа убаво зад Карпатите, да си ја метне бовчата на рамо и да се врати. Доколку не може да испешачи по дивите премини, превозот му е обезбеден. Тоа ќе му биде последното нешто што ќе му го овозможат гражаните на оваа земја. Бесплатен превоз до ќелија.

Перса Наумоска

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Миграција со достоинство (#WithDignity) е темата на Меѓународниот ден на мигрантите 2018 година, кој го одбележуваме во вторник (18 декември).

повеќе

Без оглед на фактот што од постоењето на уметноста постои и теорија и приказна за тоа, уметничкиот процес останува крајно неразбирлив.

повеќе

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе