Колумна во Катимерини

Александар, лажните вести и крајот на античката атинска демократија

Дезинформациската кампања во Грција вешто ги спои верувањата за супериорноста на грчката цивилизација со комунистичкиот конфликт од 1940-тите. Луѓето се загрижија за безбедноста на своите домови во Солун поради „претстојната словенска инвазија“, вели Хелен Абаџи во колумна за Катимерини.

На 25 јануари 2019 година грчкиот парламент со тесно мнозинство го одобри Преспанскиот договор, воспоставувајќи поблиски односи со Поранешната Југословенска Република Македонија (ФИРОМ), сега Северна Македонија. Пред и по гласањето имаше голем број демонстрации на плоштадот Синтагма, каде што ораторите го доведуваа народот до беснило во националистичкиот жар.

Слични демонстрации се одржале во 323-322 пр.н.е., недалеку од местото каде што стои денешниот парламент. Особено за идеалистите на античка Македонија, оваа штура приказна дава неколку големи лекции.

Филип II, командант на ниво на Трамп, ја освоил Атина во 338 год. пр.н.е. Кога Александар умрел во 323 година пр.н.е., атинскиот парламент одлучил да го протера македонскиот гарнизон. Мудрите луѓе советувале да не се крева бунт; по стоте години војни против другите грчки држави, Атињаните го немале ни населението ни ресурсите. Но ораторите како Демостен ја отфрлиле претпазливоста, и превладеале. Наскоро Антипатар, генерал на Александар, пристигнал и конечно ги освоил Атињаните во Ламија во 322 година. Неговиот услов за да им дозволи самоуправа на Атињаните било распуштање на демократијата. Оттогаш правилата ги создавале граѓаните што имале најмногу злато. Го немало повеќе ризикот од поединечни гласови што непредвидливо ги одредуваат резултатите. Демостен извршил самоубиство.

Финалниот акт бил запечатен со впечатлив пример за дезинформација. Ораторот наречен Стратокле ги излажал Атињаните за исходот од битката на Ламија. Тие победиле! Кога бил соочен со вистината, Стратокле, според Плутарх, рекол: „Па ви пречеше ли што цели два дена славевте?“

Така атинската демократија била уништена во пожар од лажни вести, благодарение на Александар Велики. Грчките градови оттогаш нема да видат демократија цели 2.200 години.

Брзо мотање напред до демонстрантите од 2019 година, кои извикуваа дека античкото име не е за продажба, без оглед на економските придобивки за Грција. Како може едно образовано население да биде наведено да се фокусира исклучиво на одреден период од античката историја и да ги затвори мислите кон иднината?

Процесот е внимателно оркестриран. Некои земји имаат политика на користење психолошки истражувања за да ги манипулираат мислењата на граѓаните. Тие купуваат пристап до Фејсбук и други профили и прецизно ги нагодуваат пораките според персоналните околности. Тие потоа можат на корисниците да им покажуваат нејасно загрижувачки или изобличени вести, како што е дека Зоран Заев повикува дека Грците мора да учат „македонски“. Луѓето им ги испраќаат овие шокантни теми на други луѓе, а нивната фреквенција ги менува статистичките податоци во нашите умови. Малку по малку, тие почнуваат да звучат веродостојно. Луѓето имаат тенденција да ги читаат вестите што ги зајакнуваат нивните убедувања, па затоа може да се претворат во теории на заговор.

Русија го обновува поранешниот Советски Сојуз и ги поттикнува земјите од Источна Европа да гласаат за финансиски олигарси што ги потиснуваат слободниот печат и човековите права. ПЈРМ се очекува да го следи примерот, но владата наместо тоа сака да влезе во Европската унија. Еден згоден начин да се спречи ова е да се искористат психолошките истражувања и да се надразнат населенијата на двете земји против промената на името и едно против друго. Новинските организации како Гардијан и Њујорк тајмс ги имаат документирано овие стратегии.

Дезинформациската кампања во Грција вешто ги спои верувањата за супериорноста на грчката цивилизација со комунистичкиот конфликт од 1940-тите. Луѓето се загрижија за безбедноста на своите домови во Солун, со оглед на претстојната словенска инвазија. Од особена важност, луѓето беа натерани емотивно да страдаат. Тие го оплакуваат губењето на ексклузивноста за името, иако во текот на 23 века „Македонија“ била поголема од областа во 330 п.н.е.

Националистичкиот жар поттикнат со тактиките со лажни вести можеби ги турка граѓаните кон десничарски ставови. Непопуларните одлуки на избраните влади го креваат статусот на националистичките партии што ветуваат дека ќе ја обноват ранетата национална гордост. Истражувањата покажуваат дека мажите што се чувствуваат моќно помалку ја поддржуваат демократијата, а луѓето се чинат генетски предодредени да бараат моќни мажи како Доналд Трамп или Александар Велики. Демократијата од типот еден-човек-еден-глас е нестабилна и ретко се појавува во историјата. Демократските процеси се комплицирани, непредвидливи и подложни на манипулација од влијателни луѓе. Полесно е да се има владејачка класа на олигарси, да се потиснат дисидентите и да се одржуваат наместени избори. Од Полска до Венецуела, има изобилство од примери за поткопување на демократијата во текот на неколку кратки месеци или години. Десничарските режими ја омаловажуваат Европската Унија.

Економската криза би можела да ја турне Грција подалеку од демократијата. Странци купуваат влијателни компании, меѓу кои и издавачки медиуми, а обично не доаѓаат од демократски земји. Притисоците од Турција и повлекувањето на Доналдтрамповата Америка од Европа ѝ одат во прилог на финландизацијата. Грција ќе мора да се консултира со Русија и Турција пред да донесе некоја голема одлука. Така, во следната деценија, националистите би можеле да ја втурнат Грција во блок од земји предводени од диктатори и против ЕУ. Демонстрантите против БЈРМ секако уживаат мавтајќи со знамиња и извикувајќи слогани, но за 10 години овие настани може да изгледаат како прославите на Стратокле.

Ако Грција ја следи политиката на античките Македонци, дали демократијата наскоро повторно ќе се појави? Демократиите се кревки, но такви се и диктатурите; олигарсите почнуваат војни, може да умрат рано, а нивните поданици може да станат многу незадоволни. Но напредокот во науката за податоците сугерира поинаку. Владите и корпорациите сега можат да соберат лични податоци и да ги поминат преку алгоритми што реално предвидуваат кој може да покрене бунт. Утрешните револуционери може да бидат апсени пред дури и да знаат дека имаат бунтовни мисли. Низ целиот свет, демократијата можеби се движи кон долга, долга ноќ.

И што значи ова за Преспанскиот договор? Ако двете земји ефикасно соработуваат, ЕУ ќе биде зајакната. Од друга страна, на дезинформаторите им успеа да испровоцираат непријателство во обете земји. Политичкото зближување може да биде нарушено од граѓаните што веруваат дека нивна патриотска должност е да го сторат тоа.

Значи, Александар е морничав симбол во конфликтот за името. Да се надеваме дека презирот на македонскиот крал кон демократијата нема да превладее во регионов.

Хелен Абаџи е грчки психолог и пензионерка на Светската банка

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе