100 години од украинската дипломатска служба

Дипломатијата е уметност невозможното да го направите возможно (Ш.-М. Талеиран).

Во декември оваа година се навршуваат 100 години од почетокот на Украинската револуција 1917–1921 година – еден од најважните и најсложените периоди во историјата на украинскиот народ, кога била прогласена Украинската Народна Република.

Значаен настан на тоа време било основањето на украинската дипломатска служба.

22 декември 1917 година во услови на болшевичка закана бил донесен Закон за создавање на Генерален секретаријат за меѓународни работи – прва полноправна државна структура на украинската надворешнополитичка служба.

За време на постоењето на украинската држава во период од 1918 до 1921 година основани се амбасадите во Германија, Австро-Унгарија, Турција, Бугарија, Швајцарија и Финска, две мисии во Романија и Шведска, а исто така се примени повеќе од дваесет овластени претставници на странски земји (Австро-Унгарија, Бугарија, Грузија, Германија, Турција, Полска, Романија, Финска и други).

Владата на украинската држава формирала посебна делегација за мировни преговори со Русија. Преговорите со руската делегација се одржувале во Киев од мај до октомври 1918 година.

Делегацијата на УНР учествувала на Париската мировна конференција, истовремено извршувајќи ја функцијата на привремено дипломатско претставништво на Украина во Франција.

Како резултат од агресијата на болшевичката Москва на почетокот на 20-те години на XX век Украина ја изгубила не само државноста – првично фактичната, а потоа и формалната, но и на долги години ја изгубила можноста да ја формира и отелотвори сопствената надворешна политика.

По Втората светска војна, како држава-основач на ООН, Украина (Украинската ССР) учествувала во разработката на Уставот на оваа организација, формирањето на нејзината структура, органите и установите.

Делегацијата на УССР ја проширила својата активна дејност во ООН веќе во првите години на нејзиното постоење. Биле направени многу предлози за Статутот на ООН, привремени правила на процедурата на Генералното Собрание на ООН, резолуции за бегалците и доселениците, раселените лица, претставништвата на невладините организации во Економскиот и Социјалниот совет на ООН (ЕКОСОС), работата на Дунавската конференција...

Во 1945 година Украинската ССР станала член на Меѓународниот Суд, во 1946 на Светската здравствена организација, во 1947 на Светскиот поштенски сојуз, во 1948 на Светската метеоролошка организација, во 1954 година на Меѓународната организација на трудот (ИЛО), на УНЕСКО, во 1956  на Европската економска комисија, во 1957 на МАГАТЕ.

Во 1948-1949 и 1984-1985 година Украина била избрана за непостојан член на Советот за безбедност на ООН. Сепак само во 2000-2001 година, кога Украина била по трет пат избрана во СБ на ООН, нашата држава дејствувала како независен учесник во меѓународните односи.

Одбележувајќи ја 100-годишнината од украинската дипломатија, не може да не се забележи значајната сличност на историските предизвици и задачите на надворешнополитичките служби од периодот на Украинската револуција и сегашната Украина.

Најновата украинска дипломатија постигнала значаен успех на патот на кој, за жал, своевремено биле поразни дипломатите на Украинската револуција 1917-1925 година основачите на дипломатската служба на УНР.

За време на годините на независноста домашните дипломати направиле огромен придонес во градењето на украинската државност и заштита на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.

Денес се воспоставени дипломатски односи со повеќе од 180 држави во светот. Меѓу важните достигнувања на домашните дипломати вреди да се  истакне приклучувањето на Украина во ОБСЕ, Советот на Европа, СТО и други важни меѓународни организации, склучувањето на Спогодбата за партнерство и соработка, а подоцна на Спогодбата за асоцијација со ЕУ, потпишувањето на Хартијата за пособно партнерство со НАТО, непостојаното членство во СБ на ООН во 2000–2001 и 2016–2017 година, претседателствувањето во многутте меѓународни организации.

Важно достигнување е обезбедување на меѓународна политичка и практична поддршка на Украина за време на противдејствувањето на руската агресија, за што, меѓу другото, сведочат соодветните резолуции на ООН и други влијателни меѓународни организации, одржување на долготрајниот притисок со санкции врз државата-агресор, придржување од меѓународната заедница кон политиката на непризнавање на анексијата на Крим.

Меѓу другите значајни достигнувања на домашната дипломатија во последните години треба да се истакне отпочнувањето на Спогодбата за асоцијација со ЕУ и покрај силниот отпор на Кремљ; воведување од ЕУ на безвизен режим за граѓаните на Украина, привлекување на меѓународна помош за одржување на сеопфатни проевропски реформи; поддршка на проширување и преориентирање на надворешноекономските врски на Украина...

Во врска со тоа е и интензивирањето на односите на Украина со земјите на балканскиот регон, меѓу другото со Република Македонија.

Украина ја гледа Република Македонија како важен партнер во регионот на Западниот Балкан.

Украинско-македонските односи почнале да се развиваат во 1993 година.

На 23 јули 1993 година Украина ја призна државната независност на Република Македонија, а на 20 април 1995  биле воспоставени дипломатските односи меѓу Украина и Република Македонија.

Договорно-правната база вклучува 41 билатерални документи. Клучни документи се: Договор за пријателство и соработка меѓу Украина и РМ (16.12.1998), Спогодба меѓу Украина и РМ за слободна трговија (18.01.2001), Спогодба меѓу Владата на Украина и Владата на РМ за поддршка и взаемна заштита на инвестициите (02.03.1998) и други.

Украина и Македонија се пријателски земји кои немаат проблематични прашања. Соработката меѓу двете земји се карактеризира со меѓусебна поддршка како на билатерално ниво, така и во рамките на меѓународните организации.

Пријателите се познаваат во неволја. Ние сме и благодарни на Република Македонија за нејзиниот јасен став за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.

Ние имаме добра соработка на сите нивоа, но постои значителен неискористен потенцијал на украинско-македонската соработка во сите сфери од меѓусебен интерес.

Би скала да се задржам на некои од нив.

На 21-23 ноември 2017 година се случи успешна посета на парламентарната делегација, на претставниците на групата за пријателство на парламентот на Украина со Република Македонија. Украинските пратеници ги поканија своите колеги од Собранието на Република Македонија да ја посетат Украина во 2018 година. Освен тоа, ние заедно со нашите македонски колеги планираме официјална посета на претседатлот на Врховната Рада на Украина А. Парубиј на Македонија. Значи, на меѓупарламентарната билатерална соработка веќе и зададовме успешен старт.

Исто така, во најблиските планови е интензивирање на соработката на ниво на надворешнополитичките ресори на двете земји. Планираме политички консултации, ќе работиме на подготовка на посетата на министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Димитров на Украина.

Вонредно важно е да се интензивира економската соработка. Ние имаме значителен неискористен потенцијал. Би сакале во 2018 година да одржиме редовна седница на меѓувладината украинско-македонска комисија за економска соработка. Работиме на поголема либерализација на билатералната трговија. Планираме, исто така, да организираме бизнис форуми, како во Украина, така и во Македонија.

Имаме сериозни планови за интензивирање всушност на меѓучовечките контакти – на ниво на образовни, културни, научни установи.

Украина, како и Македонија, има Спогодба за безвизни патувања со Европската Унија, со повеќето балкански земји, кои засега не се членови на ЕУ (Албанија, Црна Гора, БиХ). Затоа е исклучително важно да се создадат сите законодавни услови за слободни патувања на нашите граѓани, што значително ќе ја олесни меѓучовечката комуникација. Ние предлагаме на нашите македонски колеги да склучат Спогодба за безвизни патувања на постојана основа. Тоа значително ќе ја олесни комуникацијата меѓу нашите земји и народи.

Имаме надеж дека како за Украина, така и за Македонија 2018 година ќе биде успешна во реализирање на главните надворешнополитички приоритети. Нашите заеднички надворешнополитички приоритети се полноправно членство во Европската Унија и НАТО. Украина и Македонија ја докажуваат својата посветеност на европските вредности.

Дипломатската служба на современата Украина и понатаму професионално ќе ги брани националните интереси, останувајќи верна на традициите на украинската дипломатија на Украинската Народна Република.

Наталиjа Задорожњук, вонредна и ополномоштена амбасадорка на Украина во Република Македониjа  

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе

Литературните дејци отсекогаш биле предвесници на некое ново време. Немале натприродна моќ да ја предвидат иднината.

повеќе

Политичките раководства во Република Македонија мора да сфатат дека немаат комодитет да ги занемаруваат економските политики на сметка на политичките агенди.

повеќе