Куклици – Легендата за македонската камена свадба

Во регионот на Осоговието на осум километри северозападно од Кратово се наоѓа една од најубавите природни реткости во Македонија, Куклица. Станува збор за уметничко дело на природата кое е старо над 50 илјади години, настанато со вертикална ерозија на меките вулкански карпи.

Локалитетот „Камени кукли" е всушност комплекс на повеќе стотици камени фигури каде природата направила ремек дела несвојствени ни за најкреативниот човечки ум. Камениот град Куклица е место на кое фигурираат 120 помали и 15 поголеми камени столбови.

Тие се навистина изненадувачки природен феномен, а настанале под влијание на ерозијата и климатските промени кои се одвивале во минатото на овој терен. За странците е познат како Камениот град, кого го прати интересна легенда, која нема да ве остави рамнодушни и ќе ве натера да го посетите овој локалитет.

Легендата вели дека многу одамна во селото Куклица се случила голема трагедија. Момчето, во кое една девојка била бескрајно вљубена, се оженило со друга, поради што разочараната девојка ги проколнала младенците. Кога дошол свадбениот ден, навидум се било во ред: се собрале сватовите, стасале и другите гости, веселбата почнала. Во моментот кога младенците се бакнале, клетвата се остварила и сите свадбари се скамениле. Скаменетите свадбари и денес сведочат за гневот и за болката на несреќната девојка. Меѓу локалните жители местото е познато како „Весела свадба" зашто сватовите останале насмеани, а младенците се скамениле во нежна прегратка.

Фото: Роберт Атанасовски

 

 
Недела, Септември 20, 2020 - 23:48

Фотогалерија

09 Септември 2021 - 15:34

Четиринаесет загинати е црниот биланс на страотниот пожар што ја зафати синоќа модуларната болница во Тетово....

09 Септември 2021 - 11:21

На нешто повеќе од еден месец пред локалните избори во Скопје се копа, прекопува, се ставаат нови инсталации, се...

08 Септември 2021 - 22:48

На свеченоста по повод 30 годишнината денеска пред Собранието дефилираа претставниците на сите етнички заедници...

01 Септември 2021 - 13:11

Новата учебна година за сите ученици од основните и средните училишта денеска почна со физичко присуство и со...

31 Август 2021 - 09:10

Вечерва преку Тбилиси, Грузија, на Меѓународниот аеродром Скопје пристигнаа првите 149 граѓани на Авганистан што...

19 Август 2021 - 17:33

Откако Владата удри по најмилото и им забрани на невакцинираните и непрележаните пристап до кафеана и „мол“, се...

18 Август 2021 - 13:35

Невообичаена глетка. Замрена „угостителска“ слика. Празни кафулиња и кафеани и тоа во лето, кога времето е топло...

15 Август 2021 - 22:47

Од утре во земјава во сила стапуваат мерките со кои во угостителски објект ќе може да влезат само вакцинирани и...

13 Август 2021 - 11:50

Станува збор за метеорски дожд што се појавува благодарение на кометата Персеиди која секоја година минува близу...

03 Август 2021 - 09:18

Ноќеска граѓаните на Кочани со голи раце си го одбранија градот. Заедно со само неколку противпожарни екипи тие...

29 Јули 2021 - 22:02

Македонскиот теквондист Дејан Георгиевски го донесе среброто од Токио, 22-годишниот борец кој стана нашиот...