За време на прошетката, меѓу дугите места, претседателите посетија работилница за филигран и се запознаа со начинот на изработка на уникатен накит, а каде неизоставен дел беа и експонати на македонскиот рубин.
Во Сули ан, претседателите поразговараа со студенти од Факултетот за ликовни уметности при УКИМ и посетија едно од ателјеата каде се одржува нивната настава.
Претседателите Пендаровски и Штајнмајер престојуваа и во Националната галерија Чифте Амам, каде што се сретнаа со Хатиџе Муратова и проследија инсерти од филмот „Медена Земја".