Бомбардери Б-52 прелетаа над Скопје

Американските бомбардери Б-52 со прелетот над Скопје го демонстрираа силното сојузништво во НАТО. Два воени воздухоплови од типот Б-52 на Воздухопловните сили на САД денеска извршија прелет над Скопје. Ова е доказ на заедништвото и силното сојузништво во НАТО, како и посветеноста на сите земји членки на безбедноста и стабилноста на евроатланската област, велат од македонското Министерство за одбрана. Бомбардерите Б-52 во Македонија влегоа од Бугарија кај Крива Паланка, извршија низок прелет над главниот град, по што македонскиот воздушен простор го напуштија кај Дебар. Воздухопловните сили на САД во текот на денот ќе извршат прелети и над  воздушниот простор на Албанија, Црна Гора и Хрватска.

 

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе