Црна хроника

ОВР Неготино поднесе известување до ОЈО Kавадарци против 17-годишник од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување употреба на наркотични дроги“.

08 Август 2020 - 11:38

Ноќеска после полноќ На 08.08.2020 година во временскиот период од 00,15 до 02,00 часот од страна на инспектори од Надворешната канцеларија за криминалистички работи  Гостивар - СВР Тетово при Бирото за јавна безбедност на МВР врз основ на писмена наредба од судија по претходна постапка при Основен Суд Гостивар бил  извршен претрес во  угостителски објект  и  други помошни простории  сопственост на Р.Б.(46) од с. Добридол, поради основано сомнение за сторено кривично  дело  „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги,  психотропни супстанции и прекурсори“ од Кривичниот законик на РСМ.

08 Август 2020 - 11:30

Во текот на изминатото деноноќие во целата држава по однос на мерката за носење лична заштита на лице регистрирани се 378 прекршоци, соопшти Министерството за внатрешни работи.

08 Август 2020 - 11:20

Седумдесет и седумгодишната Ѓ.Б. од Скопје вчера била измамена од две непознати лица, кои успеале да и одземат 52.000 денари.

07 Август 2020 - 19:31

Во пожар што избувнал вчера наутро на улица „Кленоец" во Општина Карпош, опожарени се две возила. Првото е „шкода фелиција", со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.Д.(68) од Скопје, а второто возило е „пасат", со скопски регистарски ознаки, сопственост на Д.Ј.(48) од Скопје.

07 Август 2020 - 17:17

Вчера околу 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред зграда на ул.„Босна и Херцеговина“, А.М.(57) од Скопје со употреба на чекан се обидел да го нападне  Д.Д.(52), но бил спречен во намерата, по што со тврд предмет го оштетил паркираното патничко возило „пежо“, сопственост на Д.Д.

07 Август 2020 - 17:02

Полициски екипи сè уште трагаат по маж кој бил однесен од надојдената вода на Вардар, Инцидентот се случил вчера околу 14.30 часот во село Белештевица, Велешко, на местото викано „Лавчани“, кога при обид со трактор да извлече возило во кое се наоѓала екипа на ЕВН, која отстранувала претходно настанат дефект, од надојдена вода С.Д. и возилото на ЕВН биле однесени кон рeката Вардар.

07 Август 2020 - 16:30

Вчера во 19.56 часот во СВР Скопје било пријавено дека на кеј на р.Вардар во Скопје, во близина на ФФМ, било пронајдено обесено машко лице на возраст од околу 25 години. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

07 Август 2020 - 16:23

Безбедносните камери поставени неодамна на градската депонија во Дебар „уловиле" лице како краде вреќи со цемент што се дел од градежниот материјал кој се користи во изградбата на оградата на депонијата.

07 Август 2020 - 12:10

Две лица повредени во сообраќајка на патот Велес- Штип. На 06.08.2020 во 09.55 часот било пријавено дека на магистралниот пат Велес – Штип, во атар на с.Три чешми, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „фолксваген кеди", со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Л.(30) од Скопје и патничко возило „форд ка", со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.Б.(49) од Виница" велат од МВР.

07 Август 2020 - 11:12

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата по однос на мерката за носење лична заштита на лице регистрирани се 297 прекршоци, информира МВР.

07 Август 2020 - 10:14

Вчера во 20.30 часот во СВР Скопје, 17-годишник од Скопје пријавил дека на ул.„11 Октомври“, додека бил со двајца свои малолетни познаници, две непознати лица кои биле со патничко возило „бмв", физички го нападнале.

06 Август 2020 - 18:26

Денес во 02.00 часот во СВР Скопје, Г.В.(29) од Скопје пријавил дека околу 01.30 часот, на пешачки премин на ул.„Цветан Димов", бил физички нападнат од три непознати лица.

06 Август 2020 - 18:17

Ловочуварската служба во месноста викана Вакавска корија кај велешкото село Рудник на повик на граѓани  синоќа во 21.55 часот утврдила четири испукани куршуми. Повикале полиција и околу 22.40 во  куќа кај селото Рудник биле откриени тројца сторители, сите од Скопје, кои во време на ловостој убиле дива свиња маторица штотуку опрасена со седум прасиња.

06 Август 2020 - 17:32

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишно лице од село Дебреште, осомничено за продолжено кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.

06 Август 2020 - 17:05

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе