Жител на Смојмирово пронајден мртов во Река

Шеесет и седумгодишно лице од беровското село Смојмирово е пронајдено починато во коритото на Смојмирска Река. Трагичниот настан го потврдија од беровската полиција, а смртта на несреќниот беровчанец била констатирана од екипа на Итната медицинска помош од Берово.

„На 10.06.2021 во 08:10 часот во Полициската станица Берово добивме пријава дека во коритото на „Смојмирска река" во село Смојмирово е пронајден починат В.Г. (67) од село Смојмирово. Смртта без траги на насилство ја констатираше лекар од Итна медицинска помош“, инфирмираа од полицијата во Берово.

Додадоа дека по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството. 

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе

Со само 48% вакцинирано население, недозволиви грешки на стручниот штаб за Ковид-19 и масовни протести против вакцинација, очигледно е дека кампањата за вакцинација во Словенија беше навистина неуспешна. 

повеќе