Ја загрозувал животната средина

Жител на Шутка складирал отпад и доби кривична пријава оти нема регистрирано фирма

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против скопјанецот Џ.А. (41), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад", соопшти Министерството за внатрешни работи.

На 15 феврари, годинава полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал и инспектори од Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за животна средина извршиле контрола на импровизирано и нерегистрирано место за откуп и продажба на секундарни суровини лоцирано во дворно место на улица „Брсјачка буна" во Општина Шуто Оризари. 

Како што информираат од МВР, го затекнале пријавениот како неовластено тргува со отпад без да е регистриран во Централен регистар како правно лице и без да поседува дозвола за вршење на дејност – складирање и третман на отпад, издадена од Министерството за животна средина. 

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе