Жител на Шишево тешко повреден во синоќешното невреме

Ј.С. (53) од скопското село Шишево синоќа бил тешко повреден откако врз него паднала металната капија од дворот на куќата.

Тој излегол да ја затвори, но поради невремето, силниот ветер и обилните врнежи, капијата во еден момент се откачила и го повредила.

Како што соопшти МВР, случајот е пријавен вчера во 22:00 часот во Полициското одделение – Сарај.

Повредите на Ј.С. му се констатирани во болницата „Аџибадем Систина“. Извршен е и увид на местото на настанот од страна на СВР Скопје.

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе