Жител на село Љубин уценувал скопјанец со компромитирачки материјали

Денеска полициски службеници од СВР Скопје – Единица за насилен криминал – Одделение за насилен криминал околу 12.00 часот го лишиле од слобода А.А.(25) од с. Љубин, Скопје поради тоа што уценувал скопјанец со објавување компромитирачки материјали доколку не му даде пари.

Откако му биле побарани пари, оштетениот го пријавил случајот во полициска станица.

Во соработка со јавен обвинител, парите биле крим-технички обработени и му биле дадени на оштетениот за да му ги даде на уценувачот. Веднаш откако ги земал парите, А.А. е приведен од страна на полициските службеници и парите се пронајдени кај него, а по целосно документирање на случајот до Основното јавно обвинителство, против А.А. ќе биде поднесена кривична пријава по член 259 од Кривичниот законик.

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе