Жител на Могила рекол дека се повредил дома, а имал прострелна рана

Синоќа во 21.30 часот С.Н.(61) од с.Могила му се јавил на З.К.(47) од истото село кој во тој момент  бил заедно со Д.А.(37) во возило  на пат кон  Прилеп, и  побарал од него бидејќи се повредил да дојде во неговиот дом и да го однесе на лекар во Битола. 

Во Клиничката болница Битола на лицето С.Н  од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди-прострелна рана.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Добро е, во прво време, г. премиер, да го поттикнете Вашиот министер за култура да најде погодна форма да се преобјави книгата „По повод најновиот напад на нашиот јазик“ од Конески, пишува професорот Атанас Вангелов во отворено писмо до премиерот Зоран Заев.

повеќе

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе