Жител на Мешеишта опожарил две возила на припадници на Шумската полиција

Жител на дебрчкото село Мешеишта е лишен од слобода поради сомневање дека опожарил две патнички моторни возила, сопственост на припадници на Шумската полиција.

Според СВР – Охрид, 33-годишниот мешеиштанец се сомничи дека предизвикал пожар во две патнички моторни возила – „Мерцедес" со охридски регистарски ознаки, сопственост на жител од селото Лешани и „Санг јонг корандо", сопственост на лице од селото Требеништа, двајцата вработени во Шумска полиција Охрид.

Екипи на Територијалната противпожарна единица од Охрид интервнерирале и ги угаснале опожарените возила при што е причинета само материјална штета. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе