Жител на Лакарци погоден со огнено оружје, починал во возило на Брза помош
Синоќа во с.Ласкарци, скопско, две лица од огнено оружје пукале кон Р.Ќ.(34) од с.Ласкарци. Тој се здобил со повреди, по што починал во возило на Итна медицинска помош при транспорт до Комплексот клиники „Мајка Тереза”.
Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.