Хроника

Жител на Градско натепан додека лепел изборен плакат

Полицијата во Градско приведе маж кој вчера нападнал свој сожител додека лепел изборен плакат. СВР Велес ќе изготви соодветна пријава.

„Во полициската канцеларија Градско претпладнево на службен разговор бил повикан 33 годишниот П.А. од Градско затоа што синоќа во 19.00 часот на улицата 'Александар Македонски' во Градско физички го нападнал 31 годишниот Д.С. од Градско, кој лепел плакати од кандидат за градоначалник“, информира Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес.

Додевски најави дека по целосно документирање на случајот против П.А. ќе биде поднесена соодветна пријава

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе