По обид да отвори плинска боца

Жител на Дебар починал од труење со плин

Четириесет и три годишен дебранец починал како последица од труење со плин. Тој се затрул пред неколку дена, но според неговото семејство, одбивал да се јави на лекар.

„Во 9.45 часот во текот на вчерашниот ден, во Секторот за внатрешни работи во Охрид од Општата болница со проширена дејност во Дебар, пријавено е дека на ургентното одделение, бил донесен пациент во неконтактибилна состојба и без видливи траги на насилство, кој и покрај укажаната медицинска помош, починал“, изјави Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.

По известување на јавен обвинител и преземените мерки, констатирано е дека се работи за А.И.(43) од Дебар.

Според членови од семејството, пред неколку денови вдишал плин, при обид да отвори плинска боца по што, одбивал да се јави на лекар. Телото на починатиот, е предадено на семејството“, информира Димоски.

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе