СВР Струмица

Жител на Баница уапсен, постои сомневање дека предизвикал пожар

Полициски службеници на СВР Струмица денеска го лишија од слобода Д.К.(29) од село Баница, поради постоење основано сомнение дека предизвикал пожар, при што била опожарена трева и нискостеблеста вегетација, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

По пријава примена во СВР Струмица во 11.38 часот, според која на излез од Струмица кон село Дабиле настанал пожар, Д.К. бил затекнат на лице место и задржан.

„Тој е приведен во полициска станица и во консултација со јавен ообвинител од ОЈО Струмица, по расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. Пожарот е изгаснат од страна на противпожарна екипа, а увид извршен од увидна екипа на СВР Струмица“, посочија од МВР.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе