Жител на Арачиново продавал дрога

Полицијата по повеќемесечна полициска истрага вчера лиши од слобода 23-годишен дилер на кокаин од скопско Арачиново, за кого постојат основи на сомнение дека сторил кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори". Oбвинителството соопшти дека е отворена истрага и побаран притвор.

Како што соопшти МВР, во рамки на спроведената криминалистичка истрага во периодот од јуни до октомври 2022 година, во координација со ОЈО Скопје, Единицата за недозволена трговија со дрога обезбеди материјални докази за Е.А. (23).

При претрес извршен во домот на Е.А. во скопско Арачиново, врз основа на наредба издадена од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд – Скопје, биле пронајдени предмети поврзани со кривични дела, а лицето е приведено.

Јавното обвинителство поведе постапка против лицеот од Арачиново и соопшти дека тој во повеќе наврати, на различни локации во Скопје и на различни лица-сведоци им продавал наркотична дрога – кокаин во пакувања од 0,28 грама за сума од 2.000 до 2.400 денари по пакување.

„Со оглед на тоа што се работи за лице и претходно осудувано за исто кривично дело, надлежниот јавен обвинител оцени дека постои опасност тој да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон, па до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор“.

Против истото лице во март 2019 година, исто така, била поднесена кривична пријава поради недозволена трговија со кокаин.

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе