Жител на Арачиново обвинет за криумчарење мигранти

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување на истражна постапка против 24-годишен жител на Арачиново, кој се сомничи дека бил соучесник во криумчарење мигранти.

Осомничениот заедно со непознато лице, по претходен договор, во патничко возило „Опел Зафира", во доцните ноќни часови, прифатиле десетмина мигранти од Авганистан, кои илегално влегле во земјава. Петмина од мигрантите биле малолетни лица од четиринаесет и петнаесет години. Откако ги сместиле во возилото, осомничениот и непознатото лице кое го управувало возилото, по регионалниот пат ПЕ 1102, се упатиле кон границата со Србија.

Во близина на фабриката „ХИФ" – Велес, во правец Градско – Велес на светлосната сигнализација од полициските службеници не застанале, туку со брзина поголема од 100 км на час продолжиле да се движат. На околу 300 метри оддалеченост, го сопреле возилото и двајцата избегале.

Полициските службеници во возилото ги пронашле мигрантите, а по извршената претрага на теренот бил пронајден и лишен од слобода и осомничениот. На предлог на Обвинителството, судијата на претходна постапка на осомничениот му изрече мерка притвор во траење од 30 дена.

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе