Жена тешко повредена откако ја удрил автомобил додека управувала велосипед

Педесет и шестгодишна жена е тешко повредена, откако автомобил удрил во неа додека таа управувала велосипед на бул.„Гоце Делчев" во Гостивар. Сообраќајката се случила вчера. 

Според информациите, автомобил патничко моторно возило „бмв" со пробни регистарски ознаки, управувано од В.А.(39) од Гостивар, удрило во велосипед управуван од В.Ј.(56) од Гостивар.

Во незгодата велосипедистката се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Медицинскиот центар во Гостивар. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе