Жена се задуши во пожар во Скопје

Осумдесет и едногодишна скопјанка вчера починала од задушување со чад поради пожар кој настанал во куќа на улица „Македонско-косовска бригада". Извршен бил увид и по наредба на јавен обвинител телото било дадено за обдукција.

На 19 октомври 2021 во 07:34 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Македонско-косовска бригада" настанал пожар во куќа, во која била пронајдена почината Р.С.(81) од Скопје. Пожарот бил изгаснат, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт од задушување со чад, соопшти МВР.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе