Жена пријавена за исчезната најдена мртва

Осумдесет и тригодишна жена од Делчево е најдена мртва, откако пред два дена била пријавена за исчезната од страна на нејзиниот 53-годишен син. Починатата (С.А.), како што информираат од делчевската полиција била пронајдена во атарот на селото Чифлик.

Исчезната С.А. (83) од страна на нејзиниот син Т.А (53) е пронајдена почината во попладневните часови на 19.10.2021 кај месноста „Влашка Трла“ во атарот на село Чифлик.

Осумдесет и тригодишната жена за исчезната беше пријавена на 18.10.2021 во 16:00 часот, информираат од полицијата во Делчево.

Смртта кај починатата е констатирана од лекар на Итната медицинска помош во Делчево, додека увид по наредба на Јавен обвинител извршила увидна екипа на ОВР Делчево. 

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе

Неразрешеноста на случајот („Јавна соба“) дури после речиси две години од неговото откривање ја активира јавноста бидејќи се руши илузијата дека надлежните работат на случајот.

повеќе

На националистичките агенди во регионот им треба релативно мала искра за да се направи многу поголем пламен.

повеќе